3Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ФудбалВардар прв пат во својата историја против данска екипа во европските куповиВардар го доби противникот во третото квалификациско коло од Лигата на шампоните. Данскиот првак Копенхаген ќе биде ривал на „црвено-црните“ во следната рунда. И покрај поразот од 1:2 од Жилина, сепак, благодарение на триумфот од 1:3 на првиот меч, Копенхаген се пласираше во следната фаза. Копенхаген е формиран 1992 година, и од тогаш е чест учесник во европските натпревари. Сега е актуелен првак на Данска, и до сега има 12 титули првак во својата земја, што го прави втор најтрофеен клуб во својата земја. Тренер е Стале Солбакен, екс предводник на Келн и на Вулверхемптон. Во минатата сезона данскиот тим играше во групната фаза од Лигата на шампионите и беше во група заедно со Лестер, Порто и Бриж, каде што завршува на третата позиција по што продолжи во Лигата на Европа, каде што се пласираше меѓу најдобрите 16 екипи во ова натпреварување. До сега четири пати играа во групната фаза од Лигата на шампионите, а најголемо достигнување им е пласманот во 1/8 финалето во сезоната 2010/2011. Домашните натпревари ги игра на стадионот „Телиа Паркен“ кој што е со капацитет од 38.000 места. Вардар до сега никогаш не играл со противник од Данска во европските купови. Првиот натпревар Вардар го игра како гостин на 25/26 јули, додека реваншот е на 1/2 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштијаСекој изминат месец имаше нови поскапувања. Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство. Околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, а минималната плата останува закована на 26.000 денари. Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот. Тоа е реалноста зад бајките на Мицкоски: не трета економија во Европа, туку животен стандард на една третина од европскиот. Арамијата Мицкоски ги одби мерките на СДСМ за заштита на стандардот на почеток на кризата. Одби минимална плата од 600 евра, одби поддршка за земјоделците. Цела година гледа како растат цените, а одбива да им помогне на граѓаните. Од јануари наредната година се најавуваат нови поскапувања, повисоки сметки за струја и парно. Додека во Европа се преземаат мерки против новиот енергетски удар, владата на Мицкоски ги остава граѓаните сами. И со новиот ребаланс повторно исто: нема повисока минимална плата, нема мерки против поскапувањата, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати, чија сметка ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. За само две години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот досегашен долг на државата. Долг врз долг, ребаланс врз ребаланс – а за народот нема пари, граѓаните сè потешко живеат. Оваа сиромаштија е последица на одлуките на Мицкоски, да нема пари за работниците, да има само за партиските тендери, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 20 степениДенеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 3 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, 6 Берово, Тетово, 7 Крива Паланка, Битола, 8 Крушево, Охрид, 9 Прилеп, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, 10 Кавадарци, Куманово, 11 Струмица, 12 Демир Капија, 13 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 4 Гевгелија, 1 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ХороскопДневен хороскоп за 25. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 25. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине. Кариера Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите. Здравје и совет Немојте да го наметнувате своето мислење. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите. Кариера Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот. Кариера Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира. Кариера Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции. Кариера Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно. Здравје и совет Замор , нервоза и лошо расположение. Овен 21.3-20.4. Љубов Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение. Кариера Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале. Кариера Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација. Здравје и совет Потребно ви е релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот. Кариера Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност. Кариера Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто. Кариера Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас. Здравје и совет Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската. Кариера Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте. Здравје и совет Душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите. Кариера Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени. Здравје и совет Внимавајте што јадете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook