Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
2Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
РакометВардар пресилен за Рајн Некар Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар синоќа во Мајнхајм против германскиот претставник Рајн Некар – Левен го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите и на убедлив начин стигна до победата од 35:28. Вардар имаше реализација од 70%, но и одлична игра во одбраната. По само девет минути игра беше 5:1, со погодоците на Терзиќ, Тоскиќ, Дибиров и Горбок. Првиот ол домаќините го постигнаа дури по осум минути игра. Рајн Некар на двапати дојде до негатива од два гола во првите 30 минути и тоа при резултат 5:3 и 8:6. Но, во продолжение вардарци со серијата од 4:0, со трите гола на Карачиќ и еден на Дибиров стигнаа до највисоките шет гола предност. Доминацијата не застана тука, па во последната минута од првиот дел, со погодокот на Дибиров, нашата екипа стигна и до позитива од осум гола, при резултат 19:11. Сепак, домаќините до одморот ја намалија негативата на седум гола, 20:13. Карачиќ беше незапирлив во првиот дел, постигнувајќи седум гола. Во вториот дел продолжи доминантната игра на избраниците на Раул Гонзалес, а тоа резултираше со зголемување на предноста. По рамноправната игра во првите пет минути од второто полувреме, следуваше серија од 5:0, за Вардар, благодарение на одличниот Штербик, како и ефикасноста на Душебаев, Тоскиќ, Шишкарев и Карачиќ. Во 39. минута вардарци стигнаа до највисоките плус 11, при резултат 27:16. Во тие моменти веќе беше познат победникот на овој меч, иако Германците се обидуваа да се вратат во игра, посебно кога стигнаа до негатива од шест гола, а имаа и напад да дојдат до минус пет. Тоа не им годозволи Штербик, кој мечот го заврши со единаесет успешни интервенции, најголем дел од нив во клучните моменти од натпреварот. Ова е седма победа за нашата екипа во групната фаза од елитното натпреврување, што воедно а е најдобар резултат на македонскиот шампион во оваа фаза, во историјата на клубот. Игор Карачиќ беше најефикасен во нашиот тим со осум гола, додека Тимур Дибиров постигна шест. Сергеј Горбок и Алекс Душебаев упатија по четири прецизни удари. Ова беше дуел кој одлучуваше за втората позиција на табелата во Ц груптата. Црвено-црните на жрепката во вторник за осминафиналето ќе очекуваат условно полесен противник (третопласиран тим од групата А, Б или Д) и реваншот ќе го играат на домашен терен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-БитолаСо забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места .Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка. Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски. “ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски. Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места. “Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски. Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook