Вардар потпиша со летонскиот џин Даинис Кристопанс - Канал 5

Вардар потпиша со летонскиот џин Даинис Кристопанс

Летонскиот репрезентативец Даинис Кристопанс (26 години) е новото засилување на македонскиот ракометен шампион Вардар.

Вардар потпиша со летонскиот џин Даинис Кристопанс
Највисокиот играч во Лигата на шампионите (213 см.) реши својата кариера да ја продолжи во Македонија потпишувајќи тригодишен договор со Вардар почнувајќи од сезоната 2017/2018.

Кристопанс кој е стандарден репрезентативец на Летонија ќе ја засили десната бековска позицијата, од каде на крајот од сезоната ќе си замине Алекс Душебаев.

- Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Кристопанс лани ја имаше најдобрата сезона во ЛШ, постигнувајќи 62 гола. Сезонава постигна 23 гола на пет натпревари. Во СЕХА лигата има постигнато 25 гола на седум натпревари, и е втор најдобар стрелец во тимот.

- Минав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар. Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Но, Вардар му понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, и Вардар е еден од најамбициозните клубови во светот во моментов, изјави Кристопанс за официјалниот интернет сајт на РК Вардар.





Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

​Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем.

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост.

Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки.

Тоа е однапред прифатен пораз.

Истата политика ја водеше и Зоран Заев. Прво ги убедуваше граѓаните дека нема опасност, а потоа следуваа отстапките. Денес Филипче ја повторува истата матрица, прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање.

Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт.

Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки. Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година

Изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година

„Добар ден и од мене.

Претходните говорници кажаа речиси сè што е поврзано со испораката на учебници. Јас би додал само дека можеби сето ова треба да претставува нормална работа, иако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат.

За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала.

Јас сум свесен дека има граѓани коишто трпението им е при крај, но важно е да ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници.

Повторно ќе кажам, жалам што во време на вештачка интелигенција, современи напредни технологии, ние се радуваме дека на време ги доставуваме учебниците.

Но, тоа е што е. Таа катаклизма е сега политичка катаклизма која што ја донесоа СДСМ и ДУИ е минато, и она што ние како Влада имаме обврска да го направиме е да никогаш повеќе не се повтори.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на министерката за образование, на луѓето од нејзиниот тим во Министерството во образование, на градоначалникот, на пратениците од Општина Аеродром, на директорката во ова училиште и во суштина на директорите и вработените во образованието низ цела Македонија, за трпението коешто го имаат и за знаењето коешто го пренесуваат на нашите најмили, а тоа се дечињата.

Сепак тоа е, би рекол, нобелова работа и јас уште еднаш им честитам за сето она коешто го прават и за децата и за Македонија како држава.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андроид прави голема промена: Еве што значи сината точка на екранот

„Google“ воведува нова функција за приватност за „Android“ уредите што ги известува корисниците кога некоја апликација ги користи нивните податоци за локација.

Андроид прави голема промена: Еве што значи сината точка на екранот

Новата функција прикажува сина точка на екранот кога некоја апликација пристапува до податоците за локација, а корисниците можат да го допрат индикаторот за да видат која апликација моментално ги користи тие информации.

Според достапните информации, функцијата треба да биде дел од „Android 17“, но некои корисници веќе ја забележале на уреди што работат со понови верзии на „Android“.

Целта на функцијата е да им обезбеди на корисниците подобар увид во тоа кога и како апликациите ги користат податоците за локација. Иако се очекува апликациите како Мапи да пристапуваат до овие информации, некои апликации можат да ја користат локацијата во позадина без јасно да го предупредат корисникот.

Сепак, новата функција веќе предизвика мешани реакции кај корисниците.

Некои корисници велат дека сината точка се појавува толку често што со текот на времето ја губи својата намена. На форумите се појавија поплаки дека индикаторот често се активира од апликации на кои корисниците веќе им дале пристап до локацијата, како и од одредени системски услуги.

Другите корисници ја сметаат додадената транспарентност за корисен потсетник која го олеснува препознавањето на апликациите што ја користат вашата локација без ваше знаење.

Сината точка се приклучува на постојните индикатори за приватност на „Android“ уредите. Зелената точка означува дека камерата е активна, додека портокаловата точка означува дека апликацијата го користи микрофонот.

Сличен систем на индикатори постои на „Apple“ уредите со години, каде што корисниците можат да видат кога апликациите пристапуваат до нивната камера, микрофон или податоци за локација.

„Google“ вели дека целта на овие функции е да им дадат на корисниците поголема контрола врз нивната приватност и да им олеснат да видат како апликациите користат чувствителни податоци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер