Вардар подготвен да му се реваншира на Кристијанштад - Канал 5

Вардар подготвен да му се реваншира на Кристијанштад

Ракометарите на Вардар се подготвени за реваншот со Кристијанштад во Европската лига на ЕХФ. 

Вардар подготвен да му се реваншира на Кристијанштад

Токму шведскиот претставник минатата седмица му го нанесе првиот пораз на Вардар во тековната сезона во второто по квалитет клупско европско натпреварување.

„Црвено-црните“ во Кристијанштад имаа водство во последните две минути, промашија зицер во последниот свој напад, а потоа примија гол и загубија со 32:31.

Тренерот на македонскиот тим Иван Чупиќ ги искажа очекувањата и изрази уверување дека неговиот тим ќе се врати на победите.

-Нормално е кога ќе се изгуби да се анализира. Имавме два три дена добри подготовки за овој меч. Одиме на победа. Секогаш во „Јане Сандански“ ние сме фаворити. Апел до нашите навивачи да дојдат и да не бодрат. Со победа да се доближиме до освојување на првото место и потоа да видиме што понатаму. Одиме чекор по чекор. Сакаме да се вратиме на победничките патеки. Во Шведска направивме многу технички грешки. Една од работите што треба да ги коригираме се дисциплина и трпеливост во нападот, изјави Чупиќ.

И голманот Васил Гогов е убеден дека тој и неговите соиграчи имаат квалитет за да ги освојат двата бода.

Во пресрет на утрешниот натпревар закажан за 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, табелата во Ф-групата изгледа вака:

1.Кристијанштад 5 бода

2.Вардар 4

3.Сесвете 3

4.Тулуз 0.

Во следната фаза одат двете првопласирани по одигрување на шесте кола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас на грчки остров: Жена задавила мачка со јаже, добила казна од 30.000 евра

Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако убила мачка на Закинтос и е казнета со 30.000 евра, соопшти локалната полиција.

Ужас на грчки остров: Жена задавила мачка со јаже, добила казна од 30.000 евра

Жената од Ромири на Закинтос била пријавена од сопственикот на мачката, објавува „Катимерини“.

Според Здружението за заштита на животните на Закинтос (ЗОМЗ), жената задавила возрасна мачка со јаже.

Телото на животното, според упатствата на властите, е во замрзнувачот на сопственикот и таму ќе остане до вторник, 25 август, поради локалниот празник Свети Дионисиј, кој се слави на 24 август и е слободен ден за жителите на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од идната недела целосно се забрануваат мобилните во средните училишта во Франција

Од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција, во сите средни училишта ќе стапи на сила целосна забрана за употреба на мобилни телефони. 

Од идната недела целосно се забрануваат мобилните во средните училишта во Франција

Одлуката денеска ја потврди портпаролката на владата Мод Брежеон, која објави дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да го прогласи законот со кој се воведува мерката, пишува Euronews.

„Уставниот совет ја потврди забраната за мобилни телефони во средните училишта. Претседателот на Републиката затоа одлучи да го прогласи законот, се разбира без членовите што се сметаат за неуставни. Целта е веќе потврдените правила да почнат да се применуваат во стабилна правна рамка. Едноставно кажано, забраната за мобилни телефони во средните училишта може да стапи на сила од почетокот на новата учебна година, врз основа на закон заснован на закон“, рече Брежеон.

Исклучоци за часови и посебни програми

Законот предвидува можност за исклучоци за употреба на мобилни телефони за образовни цели за време на часовите или за одредени административни потреби. Исклучоци би можеле да важат и за ученици што посетуваат посебни програми, како што се подготвителни часови за прием на елитни француски универзитети, таканаречените grandes écoles.

Сепак, оваа мерка се воведува без претходно планираната забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години. Тој дел од законот беше отфрлен од Уставниот совет претходно овој месец. Премиерот Себастијан Лекорну објави дека владата веќе подготвува нова верзија на законот што ќе биде усогласена со одлуката на највисокото правно тело во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова анкета во Франција: Води Ле Пен, главе ривал ѝ е радикален левичар

Лидерот на француската радикална левица, Жан-Лук Меланшон, е најверојатниот противник на кандидатката на десницата Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори следната година. 

Нова анкета во Франција: Води Ле Пен, главе ривал ѝ е радикален левичар

Ова го покажа анкета објавена денес, која исто така ја потврдува длабоката поделба на францускиот електорат на крајот од мандатот на Емануел Макрон, пишува Ројтерс.

Спој на левицата и десницата во анкетите

Според резултатите, Меланшон, кандидатот на партијата Неосвоена Франција (LFI), влегува во вториот круг во три од петте испитувани сценарија, додека во четвртиот е изедначен на второто место. Сепак, истата анкета предвидува дека Ле Пен би го победила убедливо во конечната пресметка.

Проекциите покажуваат дека Меланшон би можел да добие помеѓу 16 и 17 проценти од гласовите во првиот круг, а Ле Пен помеѓу 35 и 38 проценти. Во вториот круг, Ле Пен би победила против Меланшон со 64 проценти од гласовите.

Ослабениот центар отвора простор

Резултатите се неповолни за кандидатите на политичкиот центар, на кои им е тешко да се позиционираат во атмосфера на растечка поларизација. Како што вториот и последен мандат на Макрон се ближи кон крајот, неговото заминување остава ослабен центар и кревка економија. Ова отвора простор за радикални опции, како што се LFI на Меланшон и Националното собирање на Марин Ле Пен.

„Ризикот дека г-ѓа Ле Пен и г-дин Меланшон ќе се соочат еден со друг во вториот круг е реален и сериозен“, изјави кандидатот на центарот Едуар Филип за новинарите. Жан-Лук Меланшон досега се кандидираше за претседател три пати, во 2012, 2017 и 2022 година, но никогаш не успеа да влезе во вториот круг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер