Вардар очекува тежок натпревар и победа со Металург - Канал 5

Вардар очекува тежок натпревар и победа со Металург

Двете најдобри македонски ракометни екипи Вардар и Металург вечерва ќе имаат нов дуел во рамките на регионалната СЕХА лига. Во таборот на „црвено-црните“ очекуваат тежок меч и покрај проблемите со кои се соочува македонскиот шампион Металург, но се надеваат на победа.

Вардар очекува тежок натпревар и победа со Металург

- Средбата со Металург доаѓа по одличните дуели во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека оваа пресметка нема да биде интересна. Ова е македонско дерби, на кое очекувам победа која ќе ја прославиме заеднички со нашите навивачи. И покрај проблемите со кои се соочи и заминувањето на еден дел од ракометарите, мислам дека Металург има квалитетен тим и не очекува уште еден неизвесен натпревар, изјави Немања Прибак.

Тренерот на вардарци Раул Гонзалес ја нагласува важноста на натпреварот.

- Овој натпревар е од особена важност за нашата екипа, бидејќи сакаме да ја продолжиме победничката серија. Како и секогаш, и овој пат очекувам „македонското дерби“ да биде исполнето со врвен ракомет. Металург е секогаш голем предизвик за Вардар, па така очекувам да биде и сега, рече Гонзалес.

Дуелот Металург - Вардар ќе се игра вечерва од 20 часот и 15 минути во СЦ „Борис Трајковски".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Две лица загинаа откако лесен авион се урна на поле во Есекс, соопшти британската полиција.

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Двоседниот авион Цесна се урна вчера попладне, кратко по полетувањето од аеродромот Норт Вилд на планирано „кратко патување“, објави Скај њуз.

Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен.

Ѓорѓиевски: Поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен

„Почитувани граѓани,

Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција.

🫡 Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.

Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици.

Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно.

Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети.

Ги повикувам граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби.

Службите се на терен.

♥️ Граѓаните не се сами.“- соопшти скопскиот градоначалник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја започнаа заедничката кампања „Вози одморен“

Одморен возач е најдобрата превенција за безбедно патување

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја започнаа заедничката кампања „Вози одморен“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај возачите за опасностите што ги носи заморот зад воланот, особено во екот на летната туристичка сезона кога значително се зголемува фреквенцијата на возила на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека оваа убава кампања и заедничките превентивни активности се уште една потврда за успешната соработка меѓу двете соседни и пријателски држави.

„Заедно со нашите колеги од Србија испраќаме силна порака дека превенцијата е најдобриот начин за заштита на човечките животи. Возачите кои во овие жешки денови тргнуваат на подолги патувања треба да бидат одморени, а за време на патувањето да прават пауза на секои два до три часа, во траење од најмалку петнаесет минути. Во рамките на патувањето да консумираат доволно вода во рамки на патувањето, да ги почитуваат сообраќајните правила, особено брзината на движење, Најголем број на сообраќајните несреќи се случуваат затоа што имаме преголем умор на оние што го управуваат возилото или затоа што го управуваат пребрзо. Заради сето тоа сметам дека ова е клучна кампања, бидејќи човековиот живот нема цена, еден човечки живот да спасиме сите ние заедно повеќе, ќе биде благодат за сите нас.“, истакна Тошковски.

Министерот Тошковски потсети дека со имплементација на One Stop системот со Република Србија, чекањето на овој граничен премин, од неколку часа е намалено на максимални половина час овие денови иако фреквенцијата на патници е зголемена од 15 до 20 проценти.

Министерот Тошковски исто така апелираше до сите што транзитираат низ Коридор 8 и Коридор 10 во Македонија, дека камерите на „Безбеден град“ функционираат, работат и евидентираат сообраќајни прекршоци.

„Секој сообраќаен прекршок што е сторен од 01.02.2026 година од пуштање на системот во работа, ќе се достави до секој еден што направил прекршок без разлика дали управувал моторно возило со македонски или со странски регистарски таблички. За брзо ќе бидете сведоци на конкретната имплементација на вториот чекор којшто се однесува во однос на достава на казните на оние кои управуваат моторни возила со странски регистарски таблички и почетокот биде токму од овој граничен премин.“, нагласи министерот Тошковски.

Министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ ја нагласи важноста на оваа заедничка иницијатива, оценувајќи дека таа претставува пример за успешна регионална соработка во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и уште еднаш ја потенцираше одличната соработка меѓу двете министерства и двете полиции во сите сфери на безбедноста.

„Наш приоритет е да биде спасен секој човечки живот, особено животот на најмладите и тоа е голема работа. Затоа апелираме до сите возачи да патуваат одморени и одговорно, посебно на долгите летни дестинации“, порача Дачиќ, додавајќи дека соработката со македонската полиција во реализацијата на оваа превентивна акција има особено значење во периодот кога илјадници туристи транзитираат низ двете држави.

Во рамки на кампањата, на возачите кои поминуваа низ граничниот премин Табановце им беа поделени шишиња вода, едукативни летоци со совети за безбедно возење и промотивен материјал со препораки за спречување на сообраќајни незгоди предизвикани од замор.

Оваа превентивна активност претставува дел од заедничките напори на двете министерства и институциите задолжени за безбедноста во сообраќајот за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот за време на летната сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер