Парламентот на Мјанмар го избра лидерот на хунтата, Мин за претседател - Канал 5

Парламентот на Мјанмар го избра лидерот на хунтата, Мин за претседател

Парламентот на Мјанмар денеска го избра Мин Аунг Хлаинг, генералот кој ја собори цивилната влада на Аунг Сан Су Ќи во 2021 година и владееше со цврста рака во последните пет години, за нов претседател на земјата.

Парламентот на Мјанмар го избра лидерот на хунтата, Мин за претседател

Изборите се обид да се задржи војската на власт по изборите организирани од војската, кои противниците и независните набљудувачи ги оценија како ниту слободни ниту фер.

Партијата на Унијата за солидарност и развој, поддржана од хунтата, оствари убедлива победа на изборите во јануари.

Преминот кон избрана влада се смета за начин за подобрување на заладените односи со соседите откако војската ја презеде власта. Кина и Русија ја поддржаа воената администрација, додека западните сили воведоа санкции.

Мин Аунг Хлаинг беше еден од тројцата кандидати за претседател, но неговата работа беше практично загарантирана бидејќи пратениците од партиите поддржани од војската и припадниците на војската имаат јасно мнозинство во парламентот.

Според политичкиот систем на Мјанмар, на војската ѝ се загарантирани 25 проценти од местата во парламентот.

Претседателот на горниот и долниот дом на парламентот изјави дека 429 од 584 пратеници гласале за Мин Аунг Хлаинг.

Војската ја презеде власта во Мјанмар со државен удар во 2021 година и земјата оттогаш е во политички превирања, со 3,6 милиони внатрешно раселени луѓе, според Обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност

напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ.

Во напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност

Во напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ, во комисијата за политички систем тече расправата по амандманите за законот за правична застапеност...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија нема надлежна служба која може да интервеницира за случаи со змии

Змијата кај скопјанецот Стево најверојатно сама го напуштила домот.

Македонија нема надлежна служба која може да интервеницира за случаи со змии

Војо Иванов, човекот кој беше повикан од службата 112 дојде во домот на Стево. Змијата не беше во домот на Стево откако Војо ја пребара собата каде што влегла. Тој раскажува дека и змијата се плаши и сами ја напуштаат куќата. Војо со совет до сите граѓани да не паничат кога ќе видат змија во домот или во близина да не ја напаѓаат бидејќи и таа во одбрана ќе касне.

И Стево со увери дека змијата не е во собата доби инструкции од Војо како да постапи доколку се појави змијата.

Во Скопје во интервнетивните единици нема вработено луѓе кои би постапиле во ваква состојба. Војо кој сите го знаат како супер херојот што е најчесто во летниот период е достапен 24 часа за лов на змии, гуштери во приватни домови, не е дел од никаква едница за спасување. Тој ова го работи со цел да помогне на луѓето да ги едуцира и да не биде повредена ниту змијата ниту човекот.

Најчесто во градските средини Војо, лови змии од видот смок тие не се отровни. Змиите се важни во синџирот на исхрана, бидејќи се ловци на глодари. Многу често луѓето со изгрдба на живеелишта и згради каде имало природа ги бркаат влекачите од домовите и завршуваат во дворовите и куќите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински: Законот за локална самоуправа не се носи поради политички инает

Иако веќе една година е заглавен во собраниска процедура, министерот  Златко Перински кажа дека нема намера да го повлече законот за локална самоуправа од процедура.

Перински: Законот за локална самоуправа не се носи поради политички инает

Тврди дека сите амандмани на опозицијата биле прифатени и очекува за истиот да се обезбеди дво третинско бадентерово мнозинство

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер