Вардар и Будуќност ги поделија бодовите - Канал 5

Вардар и Будуќност ги поделија бодовите

Женскиот ракометен првак Вардар одигра нерешено 24:24 со црногорскиот првак Будуќност во 5.коло од Лигата на шампионките.

Вардар и Будуќност ги поделија бодовите
Вардар го имаше последниот напад за победа, но не успеа да реализира. Сепак конечниот резултат и освоениот бод може да се смета за успех со оглед на проблемите кои тренерот Индира Кастратовиќ ги имаше со составување на тимот, а хендикеп плус беше и повредата на Андреа Лекиќ во 10.минута.

По едно полувреме им припадна на двете екипи на дербито во СЦ „Јане Сандански“. Гостинките од Црна Гора беа подобри во првите 30 минути кои го решија во своја корист со 11:9, а во вториот дел вардарки стартуваа фуриозно и со серија од четири голови го свртија резултатот во своја корист.

Андреа Пенезиќ со 8, Алена Ихнева и Сираба Дембеле со по 5 голови беа најефикасни во домашниот состав. Голема заслуга за освоениот бод има и голманот Ина Суслина со 15 одбрани.

Кристина Неагу со 7 голови беше најзабележлива во екипата на Будуќност.

Во групата Б по пет кола на табелата води Будуќност со 9 бодови, Вардар има 7, Турингер 4, Подравка 0.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија.

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија, во Дојран.

Од 14 до 18 септември, на школата учествуваат околу 60 млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја.

Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Во текот на петдневната програма, младите учесници од различни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост.

Посебен фокус во програмата е ставен на пристапот „Спорт за развој“, преку кој спортот се користи како алатка за учење, градење доверба и соработка, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и развивање на лидерските способности кај младите.

Целта на Националната младинска летна школа е младите да не бидат само учесници во неколкудневна програма, туку од Дојран да заминат со нови контакти, конкретни знаења и вештини, поголема самодоверба и мотивација за активно учество во своите заедници.

Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со своите партнери продолжува да создава и унапредува можности за младите од целата држава да се поврзуваат, да учат, да разменуваат искуства и непосредно да учествуваат во процесите и активностите што се од значење за нивниот личен и професионален развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници

Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. 

Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници

„Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. Почнувајќи од првиот настан, каде што гостуваше повторно светска ѕвезда на стадионот во Битола — под Тумбе Кафе, на 2-ри август, па сè до последниот настан, каде што беше повторно мега-светска ѕвезда — Дејвид Гета. Во меѓувреме имавме неколку мјузикли низ градовите во државата, под мотото „Силно светнал ден“. Потоа беше оној настап на светската мега-ѕвезда, Хосе Карерас, заедно со македонскиот „ол-стар“ состав на скопскиот плоштад. Тука беа и поединечни настани, исто така со светски ѕвезди во Струмица — Окенфолд, Ван Дајк, македонски рок-бендови, меѓу кои и концертот на „Меморија“ во Струмица итн. Станува збор за опфат од помеѓу 200.000 и 250.000 среќни македонски граѓани коишто ова лето се дружеа со македонските, но и со светските ѕвезди“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ.

Мицкоски се осврна на активностите коишто се одвиваа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија и соопшти дека ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди, како и да се поддржуваат домашните уметници.

„Им благодарам на македонските пејачи, актери, организатори, продуценти, режисери, сценаристи — нека ми прости некој ако биде заборавен. Им благодарам што направија навистина лето коешто ќе биде незаборавно, лето коешто долго ќе се памети и ќе претставува основа за годините коишто следат“, рече Мицкоски и додаде:

„Јас слушав на прес-конференцијата дека обврска на организаторот е да достави трошковник до Државната лотарија и, според изјавите на директорот на Државната лотарија, тој трошковник ќе биде доставен и објавен. Така што опозицијата нека продолжи да тоне во своите интриги и измислици, а ние ќе продолжиме да работиме и да го испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас. Еве, ќе кажам и ќе најавам тука повторно, уште еднаш, дека општествено одговорна компанија како Државната лотарија ќе продолжи и во годините коишто следат да ги поддржува македонските културни работници, македонските актери, македонските музички изведувачи итн.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стигна казната за судиите од манчестерското дерби

Мет Донахју, ВАР-судијата кој го потврди победничкиот гол на Ерлинг Халанд во победата на Манчестер Сити од 1:0 над Манчестер Јунајтед, нема да биде ангажиран на натпревари во Премиер лигата следниот викенд.

Стигна казната за судиите од манчестерското дерби

Донахју беше во VAR-собата за време на градското дерби, а по натпреварот беше потврдено дека VAR-тимот направил грешка при проценката на клучната ситуација.

Неговиот помошник во VAR-собата, Блејк Ентробас, беше изоставен од списокот на судии за следното коло.

Според моменталниот план, ниту еден од нив нема да се врати на теренот најмалку до крајот на претстојната репрезентативна пауза.

Одлуката ја донесоа главниот судиски функционер Хауард Веб и раководството на организацијата задолжена за судењето.

Халанд ја затресе мрежата за 1:0 во второто полувреме, но неговиот гол првично беше поништен поради офсајд. По проверката преку VAR, одлуката беше променета и голот беше признат, откако беше утврдено дека норвешкиот напаѓач не се наоѓал во недозволена позиција во моментот на упатувањето на топката.

Сепак, дополнителната анализа покажа дека ВАР (VAR) не ја зел предвид улогата на неговиот соиграч Енцо Фернандез.

Фернандез се обидел да одигра со топката додека бил во офсајд-позиција, што, според правилата, можело да влијае врз проценката на целата ситуација. Поради тоа, судиската организација призна дека ВАР направил грешка.

Така, спорната одлука директно влијаеше врз исходот на големото дерби на Манчестер, а Донахју и Ентробас сега ќе мора да чекаат најмалку до крајот на репрезентативната пауза за повторно да добијат ангажман во Премиер-лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер