Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
РакометВардар гостува кај Колдинг, Металург кај Баја Маре Македонските претставници во ракометната Лига на шампионите Вардар и Металург попладнево ќе ги одиграат н.атпреварите од 5. коло. По серијата од четири победи Вардар ќе има тешко гостување кај последниот во групата КолдингДанскиот тим посакува да дојде до првите бодови, а Вардар за Данска отпатува без Арпад Штербик, Алекс Душебаев, Александар Деревен и Столе Стоилов, кои поради повреди и болест не се дел од тимот. Металург по двете победи, во последното коло одигра добар натпревар и несреќно загуби на гостувањето кај Скјерн. Во таборот од тимот од „Автокоманда“ ќе се обидат да стигнат до прв бод на гости оваа сезона. Синоќа се одиграа неколку дуели,а интересно беше во Полска каде Барселона успеа да остане неоразена во дуелот со Киелце, иако на 40 секунди докрајот губеше со 30:28. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна 7 голови. Двојки и резултати од 5.коло: А група: Флензбург – Бешикташ 33:25, Веспрем – Кил 29:27, ППД Загреб – Висла 29:25, Цеље – ПСЖ (недела). Табела: Веспрем 9 бодови, Кил 6, ПСЖ 6, Флензбург 6, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 0. Б група: Монпеље – Кристијанштад 30:26, Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед 30:25, Киелце – Барселона 30:30, Колдинг – Вардар (недела). Табела: Вардар 8, Барселона 7, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК Сегед 4, Монпеље 4, Кристијанштад 2, Колдинг 0. Ц група: Порто – Мешков Брест 29:28, Војводина – Ла Риоха 26:31, Татран Прешов – Чеховски Медведи (недела). Табела: Ла Риоха 8, Порто 8, Мешков Брест 6, Војводина 4, Чеховски Медведи 2, Татран Прешов 0. Д група: Кадетен – Скјерн 24:30, Баја Маре – Металург (недела), Елверум – Мотор (недела). Табела: Скјерн 8, Мотор 4, Баја Маре 4, Металург 4, Кадетен 3, Елверум 3.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. септември 2026 година Дневен хороскоп за петок 11. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЃорѓи Димов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи ДимовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без макаЦарската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече. Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара. Состојки: 4 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 200 г. брашно 1 кесичка прашок за печиво 150 г. шунка 150 г. полутврдо сирење 3 помали кисели краставички 1 помала црвена пиперка прстофат сол малку бибер по желба Подготовка: Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња. Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер. Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С. Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова. Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик. Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter