Ванеса Брајант не престанува да плаче , пријателите се загрижени - Канал 5

Ванеса Брајант не престанува да плаче , пријателите се загрижени

Неутешната Ванеса Брајант се обидува да остане силна по трагичната смрт на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џана, поради трите ќерки кои ги доби во бракот со славиот кошаркар.

Ванеса Брајант не престанува да плаче , пријателите се загрижени

Легендата во НБА Коби и Ванеса се венчаа во април 2001 година, кога тој имаше 22 години, а таа на18 години. Покрај 13-годишната Џана, која почина заедно со нејзиниот татко, ги имаа 17-годишна Наталија, 3-годишна Бјанка и 7-месечната Капри.

Me and my baby #popupdisney

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

„Многу и е тешко, таа е уништена, како и целото семејство“, изјави извор , близок до семејството за списанието „People“.

Друг извор посочи дека Ванеса е скршена и едвај успева да зборува.

„Не може да ја заврши реченицата без да плаче, но таа многу се труди да остане силна поради нејзините ќерки. Вели дека мора да биде силна поради семејството“, додаде тој.

Mamba and Queen #vacai

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Изворот раскажува дека „и покрај нивните подеми и падови, Коби и Ванеса беа сродни души и дека таа верувала дека Коби ќе биде нејзин партнер цел живот“.

„Таа е опкружена со луѓе кои ја сакаат и го сакаа Коби. Има силна поддршка, се потпира и на нејзината вера. Таа не е сама во ова, но ќе тагува многу долго“, вели изворот.

Коби и Ванеса се запознале во 1999 година, кога тој се обидувал да изгради кариера како пејач, а таа била танчерка. Тие се венчале шест месеци подоцна во 2001 година. Откако објавија дека се верени, медиумите ги следеле немилосрдно, а една редакција ангажирала хеликоптер обидувајќи се да ја сними Ванеса во дворот на нејзината гимназија.

Семејството на Брајант не дошле на нивната мала свадба, наводно затоа што мислеле дека тој не треба да се оженил толку млад, особено без предбрачен договор.

Кога се роди нивната прва ќерка Наталија во 2003 година, Коби беше уапсен под сомнение дека силувал 19-годишна девојка во хотел во Колорадо. Обвиненијата беа повлечени, а Ванеса седеше до него за време на конференцијата за печат на која тој тврдел дека сексот бил доброволен.

"Ти си мојот 'рбет. Ти си мојот благослов. Ти си дел од моето срце, воздухот што го дишам. Ти си најсилната личност што ја знам. Жал ми е што те изложив на сето ова ", изјави Коби во тоа време.

Ванеса имаше спонтан абортус во 2005 година, а Коби за тоа се обвини себеси.

„Ние треба да изградиме семејство, и заради мојата грешка и сè што поминавме, го изгубивме нашето бебе“, рече тој.

Сепак, една година подоцна им се роди Џана.

Тие, доживеаја брачна криза и во 2011 година, кога Ванеса поднесе барање за развод, повикувајќи се на непомирливи разлики. Две години подоцна, таа го повлече барањето, а во 2016 година им се роди Бјанка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер