Ване Цветанов и Владимир Пивоваров во „Само Вистина“

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Ване Цветанов и Владимир Пивоваров.

Пивоваров; УБК е само еден сегмент , а за да направите воен удар треба да имате војска и Армијата треба да се провери што правела за тој 27-ми април. Имам сознанија дека ,десетина дена пред 27.04.2017 дежурствата во АРМ биле правени по она што го викаме партиска војска, но за тоа дека се спремала интервенција биле спремени и борни возила, кои последниот месец биле поправани , а за тоа да се случи наредба треба да даде Претседателот на државата. УБК стана партиско -социјално тело за време на претходната влада.

Цветанов: Јас му бев Директор на Владимир Атанасовски уапсениот екс директор на УБК, во Управата за спречување перење пари а беше примен поради неговото добро познавање на англискиот јазик. Атанасовски беше партиски многу активен и послушен. Еднаш влезе и ме „поздрави“ од Мијалков и дека не сум бил негов човек.

Цветанов: Главно дувло беше и се уште е УБК. Тие имаат се уште голема контрола врз сите и за сите знаат се. Се уште има луѓе што биле слуги на режимот, актуелниот директор беше еден од ,,слугите“ на Мијалков. Затворите се полни со невини. Рацете му се до ,,пола со крв“. Лажно се претставуваше дека е човек на Американците. Стојам зад ова што го зборувам, нека ме тужи. И затоа не дозволи да бидат некои случаи преотворени, бидејќи и тој лично бил засегнат.

Пивоваров: За прислушувањето дури и љубовниците се прислушувале најстариот занает, како султани си го чувале своето јато. А потоа и преку нив се вршеле уценувања кој каде е кој е со кого е, што е, што правел.

Пивоваров: Не било можно бегството да се случи без соработка со тајните служби на Унгарија. Но, би рекол тајните-криминални служби кои во релациите меѓу Македонија и Унгарија , со години наназад се развивале и се случувале трансакции и делење проценти , а сите патишта за криминал воделе преку Будимпешта односно до Будимпешта.

Цветанов: Бегството е плод на политичко криминално подземје. Ние во операцијата ,,Шпиун“ бевме казнети за шпионски врски со Унгарија, а јас во Унгарија немам стапнато. Затоа целта била нас „да ни сместат“ да не спакуваат за да можат тие врски со Унгарија да се развиваат на начин како што гледаме преку развој на криминални релации и служби.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

„Гответе со Дракче“ - Пастрмка со ориз

Во понеделник  (13.05.2024) во емисијата гостин ни беше Александра Пановска Илиевска

Состојки за денешниот рецепт:

1 свежа пастрмка

500 гр. ориз

2 лажици путер

малку лук во гранули

малку оригано

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Ал-Итихад сака да го ангажира Тер Штеген

 Ал-Итихад е заинтересиран за трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски портал, клубот од Саудиска Арабија има намера да го придобие германскиот голман на крајот од актуелната сезона. Спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планес, кој претходно работеше во Барселона, верува дека Тер Штеген добро ќе се вклопи во тимот од Џеда.

Во август, 32-годишниот фудбалер потпиша нов договор со Барселона, кој трае до јуни 2028 година.

Тер Штеген игра за „Блауграна“ од 2014 година. Сезонава одигра 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува 14 пати мрежата „чиста“.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

притисни ентер