Вандализирано детско игралиште во Карпош 1 - Канал 5

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема. 

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема.

Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи.

Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани. Ги повикуваме сите да се однесуваме одговорно и заеднички да придонесеме за нивно зачувување.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во Бардовци

Вчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на  здравствената установа во Бардовци

„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово!

Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека.

- Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето.

Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку осум загинати и 12 повредени во тешка автобуска несреќа во Бразил

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени кога автобус се преврте во близина на градот Иракувара, во бразилската држава Баија. 

Најмалку осум загинати и 12 повредени во тешка автобуска несреќа во Бразил

Еден од повредените подоцна почина во болница, соопштија локалните власти.

Автобуската несреќа се случила во петокот вечерта, на околу 15 километри од Иракувара, Бразил. Автобусот патувал од Форталеза, во државата Сеара, до Палмас, во државата Токантинс, објави „Глобо“.

Спасувачките екипи извлекле три тела од остатоците, додека уште четири биле пронајдени откако автобусот бил подигнат. Меѓу загинатите има двајца мажи, жена и дете.

Повредените биле згрижени на местото на настанот. Дванаесет лица биле однесени во Регионалната болница во Сеабра, а уште едно било згрижено во градската болница во Иракувара.

Двајцата возачи на автобус не биле повредени. Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер