3Градоначалникот Јанчев оствари средба со координаторот на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија
ФудбалВан Перси нов тренер на ФеенордПоранешниот фудбалер на Феенорд, Робин ван Перси, стана главен тренер на тимот, објави клупската веб-страница.Договорот на 41-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2027 година. Ван Перси претходно работеше со младинските тимови на Феенорд и беше на чело на Херенвен. По 23 кола Феенорд е на третото место во холандскиот шампионат со 43 бодови. На 5 и 11 март тимот од Ротердам ќе игра со Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБорозан: Пет недели жителите на Гостивар се без чиста вода - резултати од анализите се уште немаПет недели жителите на Гостивар се без чиста вода - резултати од анализите се уште нема.Поминаа пет недели - граѓаните на Гостивар се уште немаат чиста вода. Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации. Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе. Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, кој потпишал. И додека Мицкоски и неговата власт, во која сите Тошковски е експерт за хиперхлокирање а Клековски никаде го нема, во Гостивар има нови случаи на затруени граѓани, и реинфицирани. Тоа значи дека опасноста не е помината. Во среде лето, во 21 век – без вода е цел еден град. 5.000 граѓани имаат здравствени последици од загадената вода. Цел еден град е затруен поради неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со оваа здравствена криза. Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки. И ова не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е затруена. Цела држава е отруена. Вчера надлежните потврдија дека загадена е и водата за пиење во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа. Затруени се реките Тополка и Бабуна. Бела хемиска материја имаше во реките Лепенец и Вардар. Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат. Се работи за нивното здравје, за основното право на чиста вода за пиење. СДСМ ја повикува власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите. Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар – илјадници луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани. Не треба да се чека. Направете ги анализите и објавете ги резултатите. Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСвечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договорДенеска, во Владата на Република Македонија, се одржа свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.Со седницата раководеше Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, кој во своето обраќање ја истакна историската и политичката важност на овој договор за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата. Говорејќи за значењето на јубилејот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор е момент за потсетување на минатото, но и за размислување за одговорноста на институциите кон иднината на земјата. Според министерот Сали, Охридскиот рамковен договор беше инструментот што го стави крај на конфликтот од 2001 година и воспостави нов пристап во организацијата и функционирањето на државата, засновајќи ја стабилноста врз партнерството меѓу заедниците, граѓанската еднаквост и правичната застапеност. „Демократијата не се мери само преку слободни избори, туку и преку способноста на институциите да гарантираат инклузивност, правична застапеност, дијалог и доверба меѓу граѓаните“, истакна министерот Сали. Првиот заменик-претседател на Владата нагласи дека Охридскиот рамковен договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како жив механизам на уставниот поредок и како политичка насока за институциите на земјата. Во таа насока, тој ја спомена и иницијативата на Владата за Законот за правична и соодветна застапеност, предложен за усвојување во Собранието. Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека искуството од изминатите 25 години покажало дека стабилноста се гради преку дијалог, комуникација, компромис и почитување на договорите. „Дијалогот не треба да се гледа како компромис со принципите. Дијалогот е најдемократскиот начин за заштита на принципите“, истакна Сали, нагласувајќи ја важноста од продолжување на соработката и партнерството меѓу заедниците. Во своето обраќање, тој посочи дека зачувувањето на меѓуетничкото партнерство е стратешки интерес на Република Македонија. Според министерот Сали, една мултиетничка држава може да биде успешна само кога секоја заедница се чувствува како рамноправен дел од институциите и како заеднички одговорна за иднината на земјата. Во овој контекст, Првиот заменик-претседател на Владата го поврза духот на Охридскиот рамковен договор и со процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека европскиот принцип „Обединети во различностите“ се совпаѓа со филозофијата на договорот, кој мирот го изгради врз прифаќањето и почитувањето на различностите. На крајот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека задачата на денешната генерација не е само да го зачува Охридскиот рамковен договор како историско достигнување, туку и да го надградува преку поефикасни институции, зајакнување на довербата меѓу заедниците и изградба на држава со високи европски стандарди. „Нека биде овој јубилеј не само потсетување на она што го постигнавме, туку и заложба за она што треба да го изградиме“, заклучи министерот Сали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев оствари средба со координаторот на Обединетите нации во Македонија, Рита КолумбијаГрадоначалникот Митко Јанчев, денеска оствари прва официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на соработката и реализација на заеднички иницијативи, со посебен акцент на младите, развојот на младинските центри и креирањето нови можности за нивно активно учество во општеството. Во фокусот беа и проектите кои имаат за цел да ги поттикнат младите на личен и професионален развој, да создадат простор за нивните идеи и иницијативи и да придонесат кон градење на современа и инклузивна локална заедница. Ова претставува важен чекор кон идно заедничко дејствување и отворање нови можности за реализација на проекти кои ќе имаат конкретен придонес за младите, за целата заедница и е само почеток на една нова соработка со јасна визија – повеќе можности за младите, нови идеи и проекти и заедничка работа за подобра иднина на Кавадарци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook