Ван Гал има рак: Имав веќе 25 третмани со зрачење, само семејството знаеше - Канал 5

Ван Гал има рак: Имав веќе 25 третмани со зрачење, само семејството знаеше

Селекторот на холандската репрезентација, 70-годишниот Луј ван Гал, во телевизиско интервју за холандскиот РТЛ објавено вчера вечер, објави дека боледува од агресивен рак на простата и дека веќе бил подложен на 25 третмани со зрачење.

Ван Гал има рак: Имав веќе 25 третмани со зрачење, само семејството знаеше

Семејството и пријателите знаеле за болеста на славниот тренер, но тој успешно ја криел својата здравствена состојба од играчите и јавноста.

Последните зрачења ги имал ноќта пред ждрепката за Светското првенство во Доха, каде неговата репрезентација е сместена во групата А заедно со домаќинот Катар, Сенегал и Еквадор. „Во повеќето случаи, ракот на простата не се уништува. Кога ракот се јавува во оваа форма, многу е поверојатно тоа да биде смртоносен коморбидитет“, рече поранешниот европски шампион со Ајакс (1995) и тренер кој со Барселона и Баерн ги освои домашните титули, и го предводеше Манчестер Јунајтед.

„Имав преференцијален третман во болницата. Влегов на задната врата, беа прекрасни. Како и моето семејство кое знаеше дека сум болен. Фактот што јавноста не знаеше ништо за тоа, доволно зборува за мојата околина. "

Ова е трет мандат на Ван Гал на холандската клупа, која прво ја водеше од 2000 до 2001 година, а потоа и од 2012 до 2014 година, а си замина по освоеното трето место на Светското првенство во Бразил.

Ван Гал најави дека се пензионира во 2019 година, но минатата година ја прифати поканата од Холандскиот фудбалски сојуз уште еднаш да седне на клупата. Тој рече дека сака играчите да останат фокусирани на нивниот настап на Светското првенство, кое Холандија ќе го отвори на 21 ноември со мечот против Сенегал.

Откако ја откри својата здравствена состојба, Ван Гал доби бројни пораки за поддршка од фудбалскиот свет. „Нашите мисли и молитви се со нашиот поранешен тренер Луј ван Гал. Останете силни и оздравете“, порачаа од Барселона преку Твитер.

„Во име на европската фудбалска заедница, му испраќаме најдобри желби за опоравување на холандскиот селектор. Луј, сите сме со вас“, се вели во пораката на Твитер испратена од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите

Општина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. 

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило,  крај на дупките, поголема безбедност за жителите

Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината.

Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри.

„Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова.

Општина Центар продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил.

„Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци.

Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема.

Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче?

Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми.

Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот?

За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер