Ван Дајк: Судбината беше во наши раце по резултатот во Париз - Канал 5

Ван Дајк: Судбината беше во наши раце по резултатот во Париз

 Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не може да се помири со елиминацијата на неговиот тим во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ван Дајк: Судбината беше во наши раце по резултатот во Париз

Ливерпул синоќа на пенали загуби од ПСЖ со 4:1, откако резултатот по основните 90 и дополнителните 30 минути беше 1:0 за парижаните.

- Беше многу интензивно, највеличествениот фудбал што можете да го играте. Судбината беше во рацете на Ливерпул, со оглед на тоа што го победивме во Париз (1:0). За жал, бевме елиминирани на пенали. Во првото полувреме создадовме убави шанси, но противникот се одбрани. Тие имаат доволно квалитет па го однесоа мечот на пенали. Кога двата тима се уморни, се отвораат можности. Одигравме особено добро во регуларното време. Можеме да зборуваме за играта, но ние сме надвор од турнирот – тоа е реалноста, изјави Ван Дајк по средбата во Ливерпул.

Во четвртфиналето, ПСЖ ќе игра со победникот од мечот Астон вила - Бриж (3:1 по првиот натпревар).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана Федоров

Незадоволството во Киев расте по одлуката на Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михаил Федоров. Демонстрантите веќе втор ден по ред бараат тој да биде вратен на функцијата.

Демонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана Федоров

Илјадници луѓе во петокот вечерта протестираа во Киев против разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михаил Федоров – потег што претседателот Володимир Зеленски го повлече како дел од владината реконструкција, а кој предизвика поделби во земјата. Демонстрантите втор ден по ред се собраа во главниот град на Украина, носејќи знамиња и транспаренти, пренесува „Франс прес“.

„Вратете го Федоров!“ – пишуваше на еден транспарент, додека друг повикуваше на „почит и внимание кон луѓето“.

Третиот ја оцени одлуката за промена како „само саботажа“.

Протестите избија во четвртокот по разрешувањето на Федоров, 35-годишен технолошки експерт кој сакаше да ја преобликува украинската војска во поефикасна борбена сила.

Зеленски минатата недела најави дека планира реконструкција на владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери. Сепак, смената на министерот за одбрана предизвика необични протести во главниот град и во неколку други градови во услови на воена состојба. Во четвртокот, на улиците излегоа главно млади демонстранти.

Федоров, млад реформатор и застапник за употреба на висока технологија на бојното поле, ја напушти функцијата помалку од шест месеци откако стана министер за одбрана.

Популарен меѓу граѓаните и почитуван од западните сојузници на Украина, Федоров објасни дека дошло до судир меѓу него и главнокомандувачкиот на украинската војска, Александар Сирски, кој се залага за потрадиционален пристап кон воените операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата, за нивните желби во Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение.

СДС, Левица и ДУИ тоа го добија за реформскиот Изборен законик, а тоа го одбија без да седнат меѓу себе да се договорат и ни малку да размислат.

Се поочигледно е дека тоа го направија за да глумат жртви на изборните циклуси, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат пораз, мислејќи дека виктимизацијата ќе им донесе некој поен или глас повеќе.

Вистината и реалноста која излезе на површина и ја разоткри виктимизацијата на опозицијата е дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка политичка партија, им ги прифаќа сите нивни барања само да се олесни начинот и да се прошири гласањето на дијаспората.

И ова, до сега невидена понуда и подадена рака од страна на власта, коалициските партнери СДС, Левица и ДУИ ја одбија. Тие, исто така, во новиот ИЗ одбија да бидат вклучени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање за партиите.

Кога ќе гледаме што се добија и одбија овие опозициски партии, јасно е дека тоа го направија само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори, на кои им следи историски дебакл.

Од друга страна, со блокирањето и недонесување на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, сакаат да го намалат успехот на државата во делот на исполнувањето на реформите.

И покрај ваквите блокади и опструкции, Македонија е лидер меѓу земјите од Западен Балкан во однос на спроведувањето на реформите, но неносењето на овој закон е директен показател дека СДС, ДУИ и Левица ќе ја користат секоја можност да опструираат и да го спречат државниот напредок.

Ако гледаме од друга страна, токму овој процес покажа кој каде и за што е. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државничка партија е на власт и ја води државата, а СДС, ДУИ и Левица во длабока опозиција без доверба од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со доверба од граѓаните која работи во интерес и за напредок на државата, додека опозициските го гледаат исклучиво интересот партиски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема трета економија во Европа кога 73% од граѓаните имаат платa под просечната

Каква„трета економија во Европа“ на Мицкоски кога над 73% од граѓаните земаат плата под просечната?

СДСМ: Нема трета економија во Европа кога 73% од граѓаните имаат платa под просечната

Податоците на УЈП ја разобличуваат владината пропаганда. Нема трета економија во Европа. Има 73% од граѓаните со плата под просечната и власт која душмански го ограбува народот.

Половина од вработените, односно 50%, заработуваат меѓу 24.000 и 36.000 денари месечно.

По две години власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е целосно урнисан. Граѓаните осиромашуваат, платите се меѓу најниските во Европа, а народот живее многу полошо отколку пред две години.

Минималната синдикална кошничка веќе изнесува околу 70.000 денари. Тоа значи дека на половина од вработените не им се доволни ниту две плати за да ги покријат основните животни трошоци на едно семејство.

Тоа е реалноста зад приказните на Мицкоски за наводни економски успеси: најголемиот дел од работниците едвај врзуваат крај со крај.

Животот стана прескап. Платите не го следат растот на цените, храната станува луксуз, а сметките се сè повисоки.

Прекинувањето на растот на платите и одбивањето на Владата на Мицкоски да ја зголеми минималната плата на 600 евра директно ги турка работниците и нивните семејства во сиромаштија.

Кризата не стивнува. Поскапувањето на горивата е нов тежок удар врз семејните буџети, кој ќе предизвика дополнително зголемување на цените на храната, транспортот и другите основни производи.

Додека народот осиромашува, финансиски добро живеат само Мицкоски и ВМРО, кои се богатат на грбот на граѓаните преку криминални тендери.

Скопје, 18.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер