Ваква правничка сè уште не сте виделе! - Канал 5

Ваква правничка сè уште не сте виделе!

Полугола на работа, а еве што велат нејзините шефови!

Ваква правничка сè уште не сте виделе!

Сантина Ричи го разбива митот за тоа како треба да се облекуваат бирократите и покажува еден сосема поинаков стил за кој сите зборуваат.

Сантина Ричи, се чини дека е атипична правничка која не се придржува до строгиот „дрес-код“ својствен за правниците. Сепак, покрај основната професија, таа е и инфлуенсер и на ТикТок ја следат повеќе од 460.000 лица.

@sanrizzle

Im excited for the long weekend!!

♬ Take Me Away (Freaky Friday) - LO LA

Не е познато каде Сантина работи, но според нејзините објави во кои дели совети како да се облечете за на работа и во други прилики, а и според коментарите на нејзините придружници, би се рекло дека шефовите вработените би ги испратиле дома. Во нејзините видеа кои редовно ги објавува, нејзиниот стил на работното место не се разликува многу од стилот за одење на кафе или на прошетка.

Таа многу често избира кратки маички што го откриваат стомакот, или искинати необични работи и задолжително разголува еден дел од телото. Многу нејзини придружници прашуваат каде работи и кој ѝ дозволува да се облекува така, иако има и такви кои ја прашуваат каде може да набават одредено парче облека бидејќи им се допаѓа нејзиниот стил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер