Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаВакцинирани околу половина милион граѓани, бројот на активни случаи надмина 3.000Се засилува четвртиот бран. Вчера, по долго време, беа регистрирани осум починати од Ковид-19 во едно деноноќие и 588 новозаразени. Паралелно со зголемување на бројот на новоинфицирани и в пресрет на најавените рестриктивни мерки, значително се зголемува интересот за вакцинација. Досега се вакцинирани над половина милион граѓани. Од Министерството за здравство завчера информираа дека досега се вакцинирани 32 проценти од полнолетните жители на државата. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 8.202 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. – Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, велат од Министерството за здравство. Покрај зголемениот број на ваквинирани, расте и бројот на новозаразени. По долго време, вчера беа регистрирани дури осум починати, 588 новозаразени од направени 5.780 тестирања. Вкупниот број на активни случаи е 3.135. Во Скопје бројот на активни случаи се искачи на 1053, а во Тетово 755. Следи Гостивар со 370 активни случаи, Куманово – 193, Кичево – 161, Струмица – 88, Битола – 75, Дебар – 71, Охрид и Струга со по 67 активни случаи. Во другите градови се под 50 заразени, а Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово, Дојран и Неготино сè уште се без позитивен случај. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159 269 на оздравени пациенти е 150 613, на починати 5521. Од понеделник почнуваат новите рестриктивни мерки, кои предвидуваат во угостителските објекти кои имаат капацитет над 30 гости, да влезат само оние кои примиле барем една доза вакцина. Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на вчерашната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од Ковид-19. Како што информираше министерот преку неговиот фејсбук-профил, од понеделник ќе следат засилени контроли. – Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето, напиша Бектеши. Со последните мерки за заштита и превенција од Ковид-19 кои Владата ги донесе се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август. И покрај засилениот четврти бран, од Министерството за образование и наука велат дека учебната година ќе почне на 1 септември, а досега се вакцинирани околу 60 отсто од кадарот. Од МОН соопштија дека се интензивни подготовките за стартот во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вчера изјави дека е откажан големиот концерт по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор со што Министерството покажува доблест и ги уважува препораките за заштита од Ковид-19. Ова Груби го истакна во Тетово каде на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор. Манифестацијата „Тиквешки гроздобер" годинава нема да се одржи поради превентивните КОВИД мерки, одлучи вчера Советот на општина Кавадарци. Според програмата, манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември. Покрај ваквите примери на откажувања за да се спречи ширењето на коронавирусот, полицијата информира за несовесно однесување на четири лица позитивни на ковид од Гостиварско, кои излегле од изолацијата и отпатувале во странство. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. Освен овој случај, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднело предлог за издавање казнен налог против едно лице кое не го почитувало решението со кое му било одредено лекување и изолација во домашни услови. Иако со решението од 28 мај 2021 година на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 40-годишниот скопјанец му била одредена домашна изолација во траење од 14 дена заради непосреден контакт со лице заболено од Ковид-19, стои во соопштението од Јавно обвинителство, обвинетиот решението не го почитувал и го напуштил домот. Во светот досега со коронавирусот се заразиле 205 милиони луѓе, починале 4,3 милиони, а оздравеле 184 милиони лица. Светската здравствена организација (СЗО) завчера повика дваесет лидери, кои се способни да ја исправат „срамната" глобална нерамнотежа во достапноста на вакцините против Ковид-19, да се анагажираат до октомври да го прекинат овој тренд. – Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата, изјави Брус Ајлвард од СЗО во директен контакт на социјалните медиуми. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера предупреди дека коронавирусот „не е зад нас" и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат. – Здравствената криза не е зад нас, тоа е многу јасно. Ќе живееме со вирусот уште неколку месеци, изјави тој по владиниот состанок на владата за борба против коронавирусот, порача Макрон. Украина вчера ја продолжи вонредната состојба со што им се дозволува на регионалните власти да воведат дополнителни ограничувачки мерки до 1 октомври, со цел да се запре брзото ширење на делта сојот на коронавирусот, изјави премиерот Денис Шмигал. Во Германија речиси 9.000 луѓе наместо вакцина против Ковид-19 примиле физиолошки раствор. Тие ќе мора повторно да примат вакцина против Ковид-19 откако е откриено дека наместо вакцина примиле физиолошки раствор. Локалните власти на округот Фрисланд ги повикаа вакцинираните граѓани да се јават за да ја примат вистинската доза од вакцината, и е отворена телефонската линија за итни случаи. Утврдено е дека физиолошки раствор примиле 8.557 лица од 70 години во периодот од 5 март до 21 април. Руската вакцина против Ковид-19, Спутник В е околу 83 отсто ефикасна против делта сојот, што е помал процент отколку што претходно се мислеше, изјави вчера рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. Производителите на вакцини во јуни објавија дека Спутник В е околу 90 проценти ефикасен во однос на делта сојот. Мурашко, исто така, наведе дека ефикасноста на вакцината Спутник В надминува 95 отсто против тешкиот тек на болеста, за која е потребна хоспитализација. Новата учебна година во Грција ќе почне на 13 септември со физичко присуство на учениците и студентите, но и со задолжителен документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест, јави вчера дописничката на МИА од Атина. „Фејсбук" вчера соопшти дека се отстранети стотици профили поврзани со мистериозна рекламна агенција што се обидува да им плати на инфлуенсери на социјалните мрежи за да ги оцрнат вакцините против Ковид-19 на „Фајзер" и на „Астра Зенека". Група од 56 профили на „Фејсбук" и 243 на „Инстаграм" биле пронајдени во рекламната и маркетинг агенција „Фазе", која работи од Русија за непознат клиент./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter