Вакцината на Модерна 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза

Извршниот директор на „Модерна", Стефан Бансел изјави дека вакцината против коронавирус на компанијата е 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза.

Во изјавата за тековните клинички испитувања, Бансел рече дека „варијантата Делта претставува нова закана и затоа треба да останеме будни".

Како што пренесуваат странските агенции, се смета дека сите три вакцини против Ковид -19 на американскиот пазар нудат заштита од позаразната варијанта Делта. Во ретки случаи кога вакцинираните луѓе се инфицираат, нивните симптоми обично се благи или ги нема.

Бансел рече дека компанијата работи на зајакнувачка вакцина што треба да се дава еднаш годишно за заштита од Ковид-19 и сезонски грип.

– Во клиничките испитувања, овие вакцини покажаа стабилни реакции на антитела на варијантите на Ковид-19, додаде тој.

Бејби Лазања ја донира својата награда од 50.000 евра, во болницата изненадени

Откако Бејби Лазања, денеска, 16 мај, ја одби наградата што му ја додели Република Хрватска, а сите средства во хуманитарни цели ги донира во болницата, по што директорот зборуваше пред КБЦ Загреб.

Директорот на КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ на прес-конференцијата му се заблагодари на Марко за донацијата.

- Особено ми е драго кога доаѓа од најпопуларниот Хрват во светот! – истакна Ќорушиќ и додаде дека младиот истарски музичар „многу помогнал во промоцијата на татковината“ со својот настап на Евровизија.

- Му благодарам уште еднаш. Парите што ни ги донира ќе ги користи каде што сака - додаде директорот.

Тој најави и дека кон крајот на јуни или почетокот на јули во новите простории ќе се отвори Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација на хематопоетски матични клетки, а на отворањето секако ќе го покани и Бјеби Лазања.

– Верувам дека нашите пациенти ќе ја пеат „Рим Тим Таги Дим“ – додаде тој.

Ќорушиќ рече и дека 25.000 евра што им ги донирал Марко ќе ги искористат за уште поудобно сместување на пациентите.

- Ова навистина ме изненади бидејќи доаѓа од човек кој има 28 години, но гледајќи го него и сѐ што прави во последно време... - заклучил Ќорушиќ, пренесува 24сата.хр.

Инаку, за донацијата зборуваше и д-р. Миливој Новак, заменик директор на КБЦ Загреб, како и проф.др. sc. Горан Роиќ, директор на Клиниката за детски болести, каде е сместен Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“.

- Додека тој пееше сите навивавме за Марко, а сега ни покажа колку е голем човек - изјави Роиќ за 24сата.

Вучиќ: Ќе мора да увезуваме работна сила од сите страни на светот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Котор изјави дека договорот за промет на трудот има исклучително позитивно влијание врз Србија, додавајќи дека 3.300 лица ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија.

- Имаме недостиг од работна сила, иако формално се уште имаме стапка на невработеност од 8,9 или 9 проценти, но ќе мораме максимално да увеземе работна сила од сите делови на светот во наредниот период, доколку сакаме да ја задржиме нашата економска перспектива со стапка на раст и кон побрз напредок - рече Вучиќ, одговарајќи на прашања на новинарите во Котор, пренесе Телеграф.

Тој рече дека јавниот долг на Србија во однос на БДП е 47,8 отсто, за разлика од периодот кога тој дојде на власт и кога јавниот долг изнесувал 75 отсто и додаде дека за оние во Евростат јавниот долг во Србија е најмал во регионот и двојно понизок отколку за ЕУ.

- Задоволен сум бидејќи немаме проблем со задолжувањето. Има луѓе кои секојдневно измислуваат и зборуваат глупости, но најверојатно така им доаѓа, дека си даваат крилја кога лажат за Србија. Луѓето знаат дека за јавните финансии се грижиме сериозно и на добар, внимателен и сериозен и одговорен начин – рече претседателот.

Вучиќ денеска присуствуваше на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и Европската Унија под слоганот „Еден регион, заедничка визија“, што се одржува во Котор.

Ѓорѓиевски: Унапредување на зелената инфраструктура за одржливи општини и град

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на Меѓународната научна конфереција ГРЕДИТ 2024.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на Меѓународната научна конфереција ГРЕДИТ 2024, чија цел е да придонесе за одржлив развој на мултидисциплинарен начин, истражувајќи на тема здравје и животна средина, биодиверзитет, загадувања на воздух, вода и почва, проценка на ризици, управувања со отпад, паметни градови, зелена архитектура, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност...

На настанот на кој присуствуваа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, професорот Филип Ивановски од бордот на ГРЕДИТ, бројни професори и гости, градоначалникот Ѓорѓиевски ги изложи своите видувања за еколошката одржливост и борбата против ефектите од климатските промени, за кои, како што истакна,се меѓу најзначајните предизвици за нашиот град, кои бараат смели и иновативни решенија.

-Кога гледаме кон иднината, неопходно е да го приоритетизираме развојот и имплементацијата на зелената инфраструктура. Зелената инфраструктура претставува парадигматска промена во начинот на кој ги замислуваме, дизајнираме и управуваме со нашите урбани средини. Таа опфаќа различни стратегии и технологии насочени кон подобрување на еколошкиот квалитет и поттикнување на одржлив раст. Зелената инфраструктура ја користи силата на природата за ублажување на ефектите од климатските промени. Со стратешко инкорпорирање на елементи како што се зелени покриви, градини за дожд и пропустливи плочници во нашиот урбан пејзаж, можеме да управуваме со одливот на дождовната вода, да го спречиме поплавувањето и да го олесниме оптоварувањето на нашата застарена инфраструктура. Овие решенија од природата не само што помагаат во заштитата на нашите заедници од опустошувањата при екстремните временски настани, туку исто така ја зголемуваат естетиката на нашиот град. Сепак, зелената инфраструктура не претставува само алатка за ублажување на ризиците; таа исто така промовира искористување на можностите што се нудат. Со инвестирање во обновливи извори на енергија како сончева и енергија од ветерот, можеме да ја намалиме јаглеродната емисија и да се движиме кон почиста и поодржлива енергетска иднина. Со проширување на мрежата на велосипедски патеки, пешачки патеки и опции за јавен превоз, можеме да промовираме активен еколошки транспорт и да ја намалиме зависноста од фосилните горива. Со зачувување и проширување на нашите урбани зелени површини, можеме да обезбедиме засолниште за дивиот свет, да го подобриме квалитетот на воздухот и да придонесеме во менталното и физичкото здравје на нашите жители-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додаде дека придобивките од зелената инфраструктура се протегаат многу подалеку од еколошката сфера, носејќи со себе ветување за економски просперитет и социјална еднаквост.

-Со инвестирање во проекти за зелена инфраструктура, создаваме работни места, ги стимулираме локалните економии и привлекуваме нови бизниси и инвестиции. Со овозможувањето на еднаков пристап до зелени јавни простори и одржливи ресурси, осигуруваме дека сите жители, без оглед на нивниот социјален статус и финансиска моќ, можат да уживаат во придобивките од креираниот град кој ќе биде поздрава средина за живот.

Но секако, изградбата на позелен, поодржлив град ќе бара соработка и колективна акција. Ќе бара партнерства меѓу централната и локалната власт, бизнисите, граѓанските организации и жителите. Ќе бара смело лидерство и подготвеност за промени. И ќе бара трајна посветеност на долг рок.

Дозволете ни да ја искористиме силата на зелената инфраструктура за да изградиме град кој не само што е просперитетен и живописен, туку и отпорен и одржлив за идните генерации-заокружи Претседателот на ЗЕЛС И градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, се наведува во соопштението.

притисни ентер