Ѓорѓиевски: Унапредување на зелената инфраструктура за одржливи општини и град

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на Меѓународната научна конфереција ГРЕДИТ 2024.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на Меѓународната научна конфереција ГРЕДИТ 2024, чија цел е да придонесе за одржлив развој на мултидисциплинарен начин, истражувајќи на тема здравје и животна средина, биодиверзитет, загадувања на воздух, вода и почва, проценка на ризици, управувања со отпад, паметни градови, зелена архитектура, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност...

На настанот на кој присуствуваа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, професорот Филип Ивановски од бордот на ГРЕДИТ, бројни професори и гости, градоначалникот Ѓорѓиевски ги изложи своите видувања за еколошката одржливост и борбата против ефектите од климатските промени, за кои, како што истакна,се меѓу најзначајните предизвици за нашиот град, кои бараат смели и иновативни решенија.

-Кога гледаме кон иднината, неопходно е да го приоритетизираме развојот и имплементацијата на зелената инфраструктура. Зелената инфраструктура претставува парадигматска промена во начинот на кој ги замислуваме, дизајнираме и управуваме со нашите урбани средини. Таа опфаќа различни стратегии и технологии насочени кон подобрување на еколошкиот квалитет и поттикнување на одржлив раст. Зелената инфраструктура ја користи силата на природата за ублажување на ефектите од климатските промени. Со стратешко инкорпорирање на елементи како што се зелени покриви, градини за дожд и пропустливи плочници во нашиот урбан пејзаж, можеме да управуваме со одливот на дождовната вода, да го спречиме поплавувањето и да го олесниме оптоварувањето на нашата застарена инфраструктура. Овие решенија од природата не само што помагаат во заштитата на нашите заедници од опустошувањата при екстремните временски настани, туку исто така ја зголемуваат естетиката на нашиот град. Сепак, зелената инфраструктура не претставува само алатка за ублажување на ризиците; таа исто така промовира искористување на можностите што се нудат. Со инвестирање во обновливи извори на енергија како сончева и енергија од ветерот, можеме да ја намалиме јаглеродната емисија и да се движиме кон почиста и поодржлива енергетска иднина. Со проширување на мрежата на велосипедски патеки, пешачки патеки и опции за јавен превоз, можеме да промовираме активен еколошки транспорт и да ја намалиме зависноста од фосилните горива. Со зачувување и проширување на нашите урбани зелени површини, можеме да обезбедиме засолниште за дивиот свет, да го подобриме квалитетот на воздухот и да придонесеме во менталното и физичкото здравје на нашите жители-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додаде дека придобивките од зелената инфраструктура се протегаат многу подалеку од еколошката сфера, носејќи со себе ветување за економски просперитет и социјална еднаквост.

-Со инвестирање во проекти за зелена инфраструктура, создаваме работни места, ги стимулираме локалните економии и привлекуваме нови бизниси и инвестиции. Со овозможувањето на еднаков пристап до зелени јавни простори и одржливи ресурси, осигуруваме дека сите жители, без оглед на нивниот социјален статус и финансиска моќ, можат да уживаат во придобивките од креираниот град кој ќе биде поздрава средина за живот.

Но секако, изградбата на позелен, поодржлив град ќе бара соработка и колективна акција. Ќе бара партнерства меѓу централната и локалната власт, бизнисите, граѓанските организации и жителите. Ќе бара смело лидерство и подготвеност за промени. И ќе бара трајна посветеност на долг рок.

Дозволете ни да ја искористиме силата на зелената инфраструктура за да изградиме град кој не само што е просперитетен и живописен, туку и отпорен и одржлив за идните генерации-заокружи Претседателот на ЗЕЛС И градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, се наведува во соопштението.

Паандов: Изборен инжињеринг е кога на референдумот некаде се гласаше за две секунди

„Верувам дека под притисок на ДУИ „Вреди“ даваа порадикални изјави за време на изборите“

Изборен инжињеринг е кога на референдумот на некои избирачки места две секунди беа потребни за да се гласа. Сега луѓето си гласаа и се гледа кој има полн легитимитет. Девет партии беа во коалиција меѓу кои има и неалбански партии, да не говориме власта како власт за две децении колку клиентелистички гласови има добиено ДУИ. „Вреди“ има полн легитимитет, има повеќе Албански гласови од ДУИ.

Во Бугарија и Грција реториката е таква каква што е, верувам дека под притисок на ДУИ „Вреди“ даваа порадикални изјави за време на изборите. Ние правиме чекори и ги доживуваме како понижување. Се додека историските прашања се на маса и ако ние Македонците сме коминтерновска твобра или не и ако тие се услови за преговори со ЕУ, нема да ги почнеме, рече Александар Пандов во Само Вистина.

Мистериозни „светлосни столбови“ се појавика на небото над Јапонија (ФОТО)

Жителите на мало рибарско гратче во Јапонија беа сведоци на необичен спектакл, а фотографиите ги преплавија мрежите и предизвикаа различни реакции.

Сè се случи на 11 мај над Дејзен во префектурата Тотори и се гледаат „столбови на светлина“ како висат низ облачното небо.

Мештаните биле збунети, а на небото изброиле девет „столбови“, пренесува Метро.

„Излегов од куќата и видов неверојатна работа“, изјави Хинт Пот за локалните медиуми.

И додека корисниците на социјалните мрежи шпекулираа за каков феномен се работи, експертите се огласија. Тие веруваат дека тоа е најобичен одраз на светлата на рибарските чамци во морето.

„Ова се случува кога светлината се прекршува од облаците и се снима еднаш на неколку години. Феноменот има свое име - Исариби Кочу.“

Авио компанија е казнета со 300.000 долари - ги држеле патниците во авион и по 4 часа

Американското Министерство за транспорт го казни Воларис со 300.000 долари за кршење на федералните закони за одложување на летовите.

Авиокомпанијата мора да плати казна од 150.000 долари сега, со можност да се соочи со дополнителни 150.000 долари доколку има слични прекршоци во следната година.

Според прописите, меѓународните летови не можат да останат на платформата на аеродромот повеќе од четири часа без да им дозволат на патниците да излезат од авионот.

Воларис во текот на 2021 и 2022 година дозволи два лета да ја надминат оваа граница без да им даде можност на патниците да ги напуштат авионите.

Летот на Воларис 5892 од Гвадалахара до Далас Форт Ворт бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Џорџ В. Буш на 17 август 2021 година и имало доцнење од пет часа и 32 минути.

Летот 826 од Мексико Сити до Чикаго О'Харе бил пренасочен кон Сент Луис на 23 јули 2022 година и имал четири часа и 35 минути доцнење на пистата.

Управата за заштита на потрошувачите во воздухопловството на Министерството за транспорт извршиле истрага и утврдиле дека ниту еден од исклучоците од т.н. Правилата за одложување на пистата не биле применливи за овие летови, објави денеска Транспорт.

Одделот наложи повеќе од 164 милиони долари казни против авиокомпании за кршење на правата на потрошувачите за време на администрацијата на Бајден.

притисни ентер