Вака изгледаат синовите на поранешната српска трофејна тенисерка Ана Ивановиќ (фото) - Канал 5

Вака изгледаат синовите на поранешната српска трофејна тенисерка Ана Ивановиќ (фото)

Бившата тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш својот приватен живот го криела од јавноста, а особено откако стапи во врска со Бастијан Шванјштајгер.

Вака изгледаат синовите на поранешната српска трофејна тенисерка Ана Ивановиќ (фото)

Сепак, одвреме-навреме таа успева да ги воодушеви љубопитните фанови преку социјалните мрежи, откривајќи им по некој детаљ од својата приватност.

Ваквиот стил на живот им е интересен на медиумите кои се трудат да откријат нешто од нивното секојдневие. Така, неодамна на Интернет се појавија фотографии од семејството Швајнштајгер за време на нивниот престој во Венеција. Острото око на папараците успеало да го фотографира среќното семејство. Малечките ја воодушевија јавноста со својата смиреност и доброто воспитување. Се чини дека тие личат на нивниот татко поради русата коса каква што имаше Бастијан, а нема сомнеж и дека спортот ќе има нови трофејни наследници како што се нивните родители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снегот

Се приближува скијачката сезона, а новиот договор овозможува користење на ски-билети во неколку ски-центри во регионот. Уживајте во скијањето на Јахорина, Копаоник и на други дестинации.

Со сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снегот

Вистинската зима сè уште не пристигнала, а љубителите на скијањето веќе се подготвуваат за својот омилен дел од годината и за активностите на снегот. Покрај опремата и изборот на ски-центри, скијачите водат сметка и за ски-билетите, чии цени се разликуваат од едно до друго скијалиште.

Затоа, претставници на ски-центри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија одлучија да им овозможат полесно уживање во зимските чари. Имено, на Јахорина беше потпишан договор за регионална соработка, наречен „SKI REGION“, кој предвидува заемно признавање на сезонските ски-билети и можност за нивно користење во траење од три дена во партнерските ски-центри.

Договорот е потпишан со цел поврзување на регионалните ски-центри, подобрување на туристичката понуда и заедничка промоција на зимскиот туризам.

Генералниот директор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Игор Жиљак, изјави дека сопствениците на сезонски ски-билети за Јахорина ќе можат да скијаат три дена на Бјелашница, како и по три дена во партнерските ски-центри во Словенија, Србија и Црна Гора.

„Сите ски-центри во регионот се согласија нашите сезонски билети да важат во центрите со кои имаме потпишано договор, за три дена скијање. Се надевам дека на овој начин на туристите ќе им овозможиме подобро скијање и поубава атмосфера“, рече Жиљак.

Тој изрази очекување дека договорот ќе придонесе за промоција на зимскиот туризам и за зголемување на интересот за регионалните ски-дестинации, вклучувајќи ги Јахорина, Бјелашница и Копаоник, пренесува сараевскиот портал „Кликс“ (Klix).

Почетокот на зимската скијачка сезона се разликува од планина до планина, а на Копаоник е планиран за 3 декември, кога ќе се одржи настанот „Ski Opening“. Првиот ден, скијањето ќе биде бесплатно. Се разбира, почетокот може да се промени во зависност од условите на теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинати

Бројот на загинати во пожар во фабрика за слатки на островот Јава во Индонезија се зголеми на најмалку седум лица, додека бројот на исчезнати се зголеми на околу 50, соопшти денеска индонезиската полиција.

Се запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинати

Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс.

Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници.

Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели.

Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можат

На руско-естонската граница се создаваат редици од патници кои се надеваат дека ќе влезат во Естонија, пред затворањето на сите пет патни гранични премини на 1 декември.

Естонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можат

Естонската влада одлучи да ја затвори границата на шест месеци, наведувајќи безбедносни закани поврзани со Русија, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).

Во рускиот граничен град Ивангород се собираат луѓе со куфери, ранци и торби, обидувајќи се да ја преминат границата пред таа да се затвори. Одлуката особено ги погодува семејствата чии членови живеат во двете земји, како и патниците кои се упатуваат кон Русија преку Естонија.

Естонија ја затвора границата по обид за саботажа. Естонската влада ја донесе оваа одлука на 20 ноември, по серија инциденти што ги поврза со руските безбедносни служби. Еден од најновите инциденти се случи на 14 ноември, кога беше направен обид за подметнување пожар во просториите на производителот на беспилотни летала „Threod Systems“.

Компанијата се наоѓа во Виимси, северно од главниот град Талин. Според естонската безбедносна служба, обидот за напад бил организиран од руската воена разузнавачка служба ГРУ, а за негово извршување наводно биле регрутирани летонски државјани. Естонските истражители приведоа осуммина летонски државјани осомничени за учество во обидот за саботажа.

Службениците за обезбедување на компанијата успеаја навреме да интервенираат и да спречат поголема штета, при што производните капацитети не претрпеа сериозни оштетувања.

Естонските власти сметаат дека обидот за подметнување пожар не е изолиран случај, туку дел од поширока шема на непријателски активности насочени против Естонија и други европски земји. Поради тоа, тие одлучија дополнително да ги ограничат директните контакти преку границата. Владата тврди дека затворањето на граничниот премин ќе им отежне на руските разузнавачки служби да врбуваат луѓе и да спроведуваат операции за вршење влијание.

Исто така, се очекува новите ограничувања да помогнат во спречувањето на обидите за заобиколување на меѓународните санкции против Русија.

Русија ги отфрла тврдењата дека нејзините разузнавачки служби стојат зад обидот за саботажа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли естонските обвинувања како неосновани и ја негираше каквата било поврзаност меѓу Москва и инцидентот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Естонија за кршење на правата на руските граѓани. Таа укажа на можноста за политички и дипломатски контрамерки, а затворањето на границата го спореди со подигнување на нова „Железна завеса“.

Одлуката особено ќе ги погоди жителите на естонскиот град Нарва, кој брои над 50.000 жители. Тој е одделен од рускиот град Ивангород само со реката Нарва, а двата града со децении се поврзани преку семејни, општествени и економски врски. Многу жители имаат роднини од двете страни на границата и редовно го користеа граничниот премин за семејни посети.

Преминот го користеа и патници од други европски земји кои се упатуваа кон Санкт Петербург преку Естонија. Уште во февруари 2024 година, Русија го запре сообраќајот за возила на преминот меѓу Нарва и Ивангород. Сепак, пешаците сè уште можеа да ја преминуваат границата, поради што преминот остана важен за жителите на пограничниот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер