Вајлдер не смее шест месеци да влезе во ринг, во борбата со Фјури ги скршил раката и прстот - Канал 5

Вајлдер не смее шест месеци да влезе во ринг, во борбата со Фјури ги скршил раката и прстот

На американскиот боксер Деонтеј Вајлдер не му е дозволен влез во ринг во наредните шест месеци по поразот од Тајсон Фјури, одлучи спортската комисија во Невада.

Вајлдер не смее шест месеци да влезе во ринг, во борбата со Фјури ги скршил раката и прстот

Американецот ја загуби борбата за светската титула во тешка категорија на 10 октомври во Лас Вегас со нокаут во 11 –та рунда.

За време на натпреварот, тој претрпе тешки удари, беше соборен трипати, а по поразот бил пренесен во болница на прегледи, каде што било утврдено дека ги скршил раката и прстот, поради што мора да оди на операција.

Поради повредите, Спортската комисија во Невада го суспендира до 8 април, што значи дека тој не може да се врати на рингот до тој датум, освен ако тоа не го одобри лекар.

Фјури, исто така, добил стандардна суспензија од 45 дена по победата, по неговата прва одбрана на светската титула во тешка категорија.

Се очекува Фјури повторно да се бори следната година, против задолжителниот предизвикувач Дилијан Вајт, доколку тој победи во борбата со Ото Валин на 30 октомври на „Арена 02“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг

По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика.

„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг

Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при.

По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика. Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора прашањата за љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Поставена на пресекот помеѓу личното и општественото, претставата зборува за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на средината.

Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (како глас). Авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика) – автори кои низ својата работа развиваат современ и препознатлив сценски израз.

Покрај значењето што го има за меѓународната видливост на современата македонска театарска продукција, гостувањето на „Анна“ отвора простор за претставување на современи женски авторски поетики на регионалната сцена. Преку драмскиот текст на Драгана Лукан Николоски и режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, претставата нуди специфичен поглед кон темите на идентитетот, слободата и позицијата на жената во современото општество, претставувајќи авторски гласови кои сè појасно го обликуваат современиот македонски театар.

Гостувањето на претставата е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт

Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки.

СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања.

Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот.

Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста.

Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против Иран

Американскиот сенат усвои резолуција со која од  Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.

Сенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против Иран

Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер