Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија - Канал 5

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

„Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија“, вели во ексклузивно интервју за Канал 5 известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

Тој признава дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите кои се однесуваат на билатералните прашања меѓу Скопје и Софија и оценува дека тие не требало да бидат дел од извештајот за напредокот на земјата.

Во видеото погледнете го целото интервјуто на Јован Ѓорговски со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Џаред Кушнер зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и пратеник за Блискиот Исток, пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху .

Кушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Ова доаѓа откако Кушнер одржа разговори со Хамас за спроведувањето на мировниот план за Газа, поддржан од САД. Минатиот месец, одборот за мир на Трамп соопшти дека постигнал договор за „целосно разоружување“ на хамас и другите вооружени групи во Газа. Минатата недела, Израел го отфрли планот на Трамп од 15 точки, кој исто така повикува на повлекување на израелските трупи и обнова на Газа под нова цивилна палестинска администрација. Осум муслимански земји во неделата издадоа соопштение во кое го осудуваат отфрлањето на планот од страна на Израел. Многу Израелци се исто така скептични дека Хамас е подготвен да се разоружа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата одбележува 34 години од формирањето

Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на армијата. 

Армијата одбележува 34 години од формирањето

По повод 18 август – Денот на армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 пло-туни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден пло-тун од 6 артилериски орудија.Триесет и четвртиот роденедне на армијата ќе бидео одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на вториот пешадиски баталјон и други армиски единици. За роденден на армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер