Вајц за Канал 5: Македонија има напредок во реформскиот процес и дополнително време до јуни да ги исполни обврските - Канал 5

Вајц за Канал 5: Македонија има напредок во реформскиот процес и дополнително време до јуни да ги исполни обврските

Македонија има напредок во реформскиот процес  но и дополнително време да ги исполни потребните обврски од реформската агенда до јуни, вели во интерву за Канал 5 известувачот Томас Вајц. 

Вајц за Канал 5: Македонија има напредок во реформскиот процес и дополнително време до јуни да ги исполни обврските

Власта и опозицијата во нов клинч и по вчерашното интервју на известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц дадено за Канал 5 во кое тој меѓудругото откри дека интервјуто за бугарската „Еуроњуз“, објавено пред три дена, всушност е снимено пред речиси два месеца.

Задоцнетото објавување Вајц го оцени како непрофесионален потег со некаква агенда и нагласи дека изјавите во кои оценува дека Македонија нема напредок во реформите се дадени на почетокот на март и дека тогаш ја одразувале моменталната состојба. Сега според него земјава бележи напредок во реформската агенда и има дополнително време да ги исполни потребните обврски до јуни.

-Најпрво, ова интервју беше дадено за бугарска телевизиска станица пред седум недели не знам зошто е објавено оваа недела и тоа ја покажува проценката за моментумот на почетокот на март. Владата на С. Македонија испорача минатата година и ова беше ценето со доста голема сума на пари, мислам дека беше околу 76 милиони евра. Но, за дополнителните чекори каде С. Македонија има грејс период, значи дополнително време да ги исполни обврските немаше што да се каже во тој момент. За среќа некои чекори беа преземени во меѓувреме и има некаков напредок кој се случи кон јуни. Сепак, има осум од десет точки треба да бидат исполнети и завршени и иако јуни е многу блиску јас многу се надевам дека владата ќе успее да ги исполни, но во последните седум недели гледаме некаков напредок, изјави Вајц за Канал 5.

Премиерот Мицкоски е уверен дека обврските од реформската агенда ќе бидат исполнети, за што според него јасно потврдил и Вајц, а критиките од опозицијата за кочење на европскиот процес ги оцени како несериозни. Како свесен исклучок на Владата од бараните реформи, Мицкоски ја наведе либерализацијата на пазарот на електрична енергија, што според него ќе предизвика бран поскапувања на штета на граѓаните.

- Известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц, вчера беше толку јасен и дециден што не остави простор за толкување. Човекот даде многу прецизни изјави во кои јасно кажа дека Владата прави реформи. И тука нема никаква дилема. СДСМ, ако мислите на тој дел од опозицијата, континуирано води политика и ПР стратегија со која истура лаги. Затоа предупредувам, секоја прес-конференција, секоја изјава што доаѓа од таму, многу со резерва да се прифаќа. Тоа е политичка партија што во овој момент не се бори за граѓаните, туку се бори актуелното раководство во рамки на партијата. Тоа е нивната политичка стратегија, изјави Мицкоски.

Дека Владата продолжува со реформите уверува и министерот за правда Игор Филков. Според него СДСМ во Собранието го блокирале клучниот реформски Закон за јавното обвинителство, иако дел од нивните амандмани биле прифатени.

Од опозициската СДСМ реагираат дека тврдењата на власта дека Венко Филипче добил шамар од Вајц со изјавата дека Македонија бележи напредок во реформите, се како што велат, политички очајни и спинувачки. Оттаму прашуваат што точно се сменило во тој месец помеѓу двете интервјуа и обвинуваат дека Владата не испорачала никаква реформа во овие месец дена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. 

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења.

„Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер