Ужасната судбина на Милица, која загина од раката на сопругот - остави аманет до жените! - Канал 5

Ужасната судбина на Милица, која загина од раката на сопругот - остави аманет до жените!

Ужасна трагедија се случи деновиве во Србија - 61 годишниот Небојша Павловиќ кој со децении ја тепал и понижувал својата сопруга Милица, во куќа полна со гости и роднини, ја заклал жената со кујнски нож!

Ужасната судбина на Милица, која загина од раката на сопругот - остави аманет до жените!
Пеколно малтретирање поднесувала кутрата жена во текот на целиот свој живот. Од моментот кога стапила во брак со Небојша тој ја тепал и малтретирал, ја понижувал на најдолен начин. Соседите и роднините зборуваат дека Небојша одел на слави кај родителите на Милица со љубовница, ја принудувал своата сопруга да проверува дали сопругот на неговата љубовница е дома, ја тепал пред нејзините роднини, пред колегите на работа.

Долгогодишното насилство доби завршен чин - на домашна слава, пред сите роднини и пријатели Небојша ја закла сопругата со кујнски нож. Ја пресекол на вратот а таа искрварила пред да стигне во болница.

Пред злосторот тој си подготвил облека за во затвор, а кога го привеле прашал дали добро ја завршил работата, односно длаи Милица е мртва!

Милош Матиќ, братот на Милица, бил во просторијата во која е убиена неговата сестра.

- Само што го пресековме колачот тој влезе во собата. Милица отиде во кујната да донесе послужување, а тој тргна кон неа, извади нож од појасот и ја забоде во вратот. Се фрлив на него, го изнесов во дворот и го држев додека да дојде полицијата. А таа како да знаела што ќе се случи бидејќи неколку минути пред сето ова ми рече - и да ме убие не жалам бидејќи сега сите мои се овде - вели Милош.

Оливер Павловиќ, син на покојната Милица и нејзиниот убиец, вели дека неговиот татко е алкохоличар 45 години.

- Стануваше наутро, пиеше до два попладне, па ќе преспием па пак ќе пие до полноќ!

Оливер вели дека кога наполнил 20 години избегал од дома не можејќи да го гледа таткото пијаница.

- Во последните 2 години не зборував со него откако ги исфрли на сред зима мајка ми и сестра ми од дома па седеа 4 дена кај соседите - вели Оливер кој сега работи во Австрија.

Жртвата на насилникот само неколку дена пред смртта, напишала писмо до сите жени кои трпат насилство.

Во писмото стои:

Совет на сите жени во светот кои трпат насилство бидејќи тоа го зборувам од искуство.

„Книга на исповед и покајание на една измачена жена. Се вљубив на прв поглед во човек кој ниту една жена не би можела да го издржи. Од првиот ден на бракот тој пиеше и беше многу насилен. Ја тепаше неговата мајка, и јас добивав ќотек. Сега имам 60 години и се прашувам како сум сеуште жива. Додека ме тепа не смеам да прашам зошто ме тепа. Неговата мајка ме моли да си одам бидејќи ако таа мора да го поднесува, не морам и јас. Но бев млада и секогаш се надевав дека ќе дојде подобро време. Верувале или не, тоа никогаш не дојде. Затоа го пишувам ова, да ја олеснам душата и да дадам совет на жените дека нема подобро утре кај такви луѓе - напиша очајната Милица само неколку дена пред да биде убиена од раката на насилникот со кој го поминала целиот живот!


Инаку, пред извесно време насилството на сопругот било пријавено но тоа не ја спречи трагедијата.

/извор: Блиц

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Во понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. свинско месо

4 компири

1 главица кромид

1 морков

4 кисели краставички

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер