Ужасна ноќ за семејството Стојчевски од Крива Паланка - Канал 5

Ужасна ноќ за семејството Стојчевски од Крива Паланка

Силна експлозија ноќеска го потресе семејството Стојчевски од Крива Паланка. Час и половина по полноќ, од испуштен плин од боца вградена во работната маса до шпоретот за готвење одекнала детонација во семејната куќа на 55-годишниот Диме Стојчевски на улицата Партизанска.

Ужасна ноќ за семејството Стојчевски од Крива Паланка
Кујната и дневната соба се опожарени, ѕидовите и поткровјето се разрушени, влезната врата откорната од ѕидот, а напукнати се и таваните на останатите соби на горниот кат. Среќа во несреќа е што сите се живи и речиси здрави бидејќи во соседната соба спиеле снаата и две ипол годишното внуче, раскажува Стојчевски.

- Јас бев буден. Прво мислев дека падна авион на куќата. Се слушна една силна експлозија, силно шуштење. Но тој звук доаѓал од испуканите цевки за ладна и топла вода на бојлерот - изјави Диме Стојчевски.

Бидејќи Диме е инвалидизирано лице, неговата сопруга веднаш истрчала на горниот кат да види што се случува. Обидувајќи се да помогне и да ја затегне плинската боца, Зорица се здобила со изгореници на лицето. Не им е јасно како дошло до палење на плинот, бидејќи без искра тој не може да се запали.

- Кога слушнавме експлозија, истрчав на горниот кат. Кујната гореше. Кога ја отворив работната маса ја го затегнам плинот, плинот удри во мене и добив изгореници на лицето, не можевме ништо да спречиме - изјави Зорица Стојчевска.

Стојчевски се благодарни за брзата интервенција од противпожарната служба. Во спротивно, би останале на улица, како што ја поминале оваа ноќ додека го гаснеле пожарот и траел увидот.

Надлежни од локалната самоуправа и од центарот за социјални работи им ветија помош согласно законските можности.

- Дали тоа ќе биде помош во вид на материјал, помош околу санација на самиот објект или ќе биде парична помош за тоа дополнително ќе утврдиме кога ќе бидат направени сите проценки - изјави Никола Граматиков од Општина Крива Паланка.

Семејството Стојчевски егзистира со скромни средства од инвалидската пензија на Диме и платата на сопругата која работи во приватна конфекциска фирма. Секаква помош им е добредојдена, без разлика дали станува збор за материјал потребен за реконструкција на целиот горен кат или пак парична помош.

Според проценките на сопственикот, штетата е од 40 до 50 илјади евра.

Сепак, последниот збор ќе го имаат истражните органи и проценители, кои треба да ја утврдат и причината за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот

„За мене претставува огромна чест што мојот драг пријател и колега, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, е денеска овде со мене.

Мицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот

Би сакал на самиот почеток на овој денешен значаен настан за двете земји, на нашите сограѓани Албанци, но и генерално на Албанците, да го честитам Денот на албанската азбука — ден којшто за мултиетничка држава како што е нашата значи многу и додава вредност во кохезијата којашто ја имаме во нашето општество. Нека е честит денот и нека е со многу успеси и за арно да е.

Сега би сакал да кажам неколку збора за самиот денешен настан. За нас претставува задоволство што можеме да го отпочнеме овој начин на соработка помеѓу двете земји, помеѓу Албанија и Македонија, бидејќи „One stop shop“ системот ќе го олесни транспортот на патници. Слушнавте, неколку милиони годишно го поминуваат овој граничен премин, а на тој начин дополнително ќе ги доближи и онака блиските две земји, Македонија и Албанија.

Очекувам овој начин на комуникација да продолжи и на другите гранични премини коишто ги имаме со нашиот западен сосед, Албанија, и на тој начин дополнително да ги зголемиме врските помеѓу граѓаните од двете страни на границата. А исто така, беше кажано при оној воведен дел, презентацијата како сето ова ќе функционира, „One stop shop“ системот ќе додаде вредност и во делот што значи зголемување на туризмот и туристичкиот потенцијал коишто го имаат двете земји. Кога зборувам за двете земји, тука мислам на Охридското крајбрежје, Охрид и Струга, како и останатите општини кои гравитираат, и секако морето во Албанија.

Би сакал на крај да му се заблагодарам на министерот за внатрешни работи, на колегите од Владата, на вработените од МВР, царината и сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, и би сакал да изразам голема благодарност до мојот голем пријател, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, за неговата лична поддршка што ја даде да ова денеска стане реалност.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју!

 Фудбалерот на Бока Јуниорс, аргентинскиот репрезенативец, Леандро Паредес, се онесвести додека даваше изјава по победата над Атлетико Минеиро (2:0) во финалето на Копа Судамерикана.

Видео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју!

Аргентинскиот репрезентативец разговараше со новинар од телевизијата „DSports“ кога одеднаш му се слоши, по што ја изгуби свеста и падна на земја.

Новинарот се обиде да го задржи, но не успеа, па присутните веднаш притрчаа да му помогнат на 32-годишниот играч за врска.

Паредес имаше потешкотии и за време на натпреварот поради високата температура и влажноста во Баранкиља, Колумбија, поради што во 58-мата минута побара да биде заменет.

Откако му беше укажана медицинска помош, капитенот на „Бока“ дојде при свест и замина во соблекувалната, а потоа, според аргентинските медиуми, беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

https://www.instagram.com/reel/DgCMIY8oLlc/?utm_source=ig_embed

Според првичните информации, причина за губењето на свеста би можел да биде пад на крвниот притисок предизвикан од исцрпеност и високи температури.

Инаку, со победата над бразилскиот претставник, „Бока“ го освои својот прв голем континентален трофеј по 18 години.

https://www.instagram.com/reel/DgBwjzDB4cS/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски меч за Виктор Вембањама во НБА

Ѕвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.

Историски меч за Виктор Вембањама во НБА

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали.

Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади.

Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока.

Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер