ЖивотУжас во САД: Тинејџер се приближува до креветот на мајка си и ја прободува до смрт (ВИДЕО)Според обвинителството во Мајами, Флорида, објавени се ужасни фотографии направени со камера во спалната соба на мајката пред да биде убиена од нејзиниот 13-годишен син.Шокантниот материјал што го објавија американските медиуми вклучува слики снимени од монитор за бебиња во собата на Ирина Гарсија вечерта на 12 октомври. Оваа 39-годишна жена 14 дена порано родила девојче, кое исто така се појавува на видеото, бидејќи кобната ноќ нејзиното креветче било до креветот на нејзината мајка. На една од фотографиите, направена во 22 часот и 23 минути таа вечер, Гарсија се појавува до нејзиниот кревет со нејзиното новородено девојче во рацете. Само 40 минути подоцна, во 23 часот, камерата за монитор за бебиња ја снимила просторијата со исклучени светла. Бебето сега е во креветчето, а тинејџерот заканувачки стои над жената која спие во креветот. Дерек Роза, половина час подоцна ќе се јави на 911 за да го признае својот грозоморен чин. Обвинителите кои го објавија материјалот се уште не ја прецизираа неговата содржина. Меѓутоа, сликите објавени од „Њујорк пост“ вклучуваат и шокантно селфи за кое се верува дека 13-годишното момче му го испратило на пријател по бруталното злосторство. Тинејџерот лежерно позира со исплазен јазик, правејќи гестикулација, а на неговата рака се гледа црвена боја, веројатно крвта на неговата мајка. Доказите вклучуваат и фотографии од нож со розова рачка што се чини дека е покриена со крв и најверојатно е оружјето за злосторството. За време на повикот до 911 ноќта на убиството, Роза признал дека ја убил мајка си и дека потоа испратил фотографија на пријател. 13-годишното момче, кое наводно било одлично на училиште, наводно му рекол на операторот дека првично имал намера да се убие со пиштол што го имал во куќата, но на крајот одлучил дека не сака да го стори тоа. Ноќта на злосторството, сопругот на Гарсија и очувот на осомничениот, кој е возач на камион, бил на работа. Бебето кое лежело во креветчето додека мајката била убиена веднаш до неа е здраво и живо. Тинејџерот минатиот месец се изјаснил за невин за убиството на неговата мајка и сега треба да му се суди како на возрасен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележан Денот на Инженерискиот баталјонДенес, со воена свеченост се одбележа 13 Ноември, Денот на Инженерискиот баталјон од составот на 1.пешадиска бригада.На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорот на Генералштабот бригаден генерал Орце Јордев, командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на Првата пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, пензионирани генерали, поранешни команданти на единицата, претставници од Армијата и Министерството за одбрана и други гости. Министерот за одбрана Владо Мисајловски, упатувајќи честитки до сите припадници на Инженерискиот баталјон по повод Денот на единицата посочи дека денешниот празник се совпаѓа со Денот на ослободување на градот Скопје, што носи силна симболика – Ослободувањето го означува почетокот на изградбата на едно ново и слободно утре, а Инженерискиот баталјон со посветеноста и професионалноста е продолжение на таа визија, во насока на изградба на посилна Армија и побезбедна држава. „Вие, припадниците на оваа единица сте меѓу оние кои ги создаваат условите за успешна реализација на армиските задачи. Од изградба и одржување на инфраструктурата, обезбедување проодност на патните правци и поддршка на вежбовни активности, до помош на граѓаните и локалните заедници. Токму затоа, инженериската поддршка е еден од темелите на секоја функционална и подготвена Армија“. Министерот Мисајловски ги истакна и бројните активности на оваа единица ширум општините во државата, за подобро поврзување на населените места, пробивање, поправка и одржување на патната инфраструктура во руралните средини со цел полесен пристап и подобри услови за живот на локалното население со што уште еднаш покажаа дека Армијата е секогаш со граѓаните и подготвена да помогне таму каде што е најпотребно. Командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, во своето обраќање ја истакна важноста на одбележувањето на датумите кои нè потсетуваат како се сака и како се брани татковината и се нашата водилка во иднината. При тоа на припадниците на Инженерискиот баталјон им порача „Драги инженерци, бидете горди што сте дел од единствената инженериска единица во Армијата, продолжете да работите вредно и посветено и секогаш нека ве води вашето мото – “Секогаш напред“. Командантот на Инженерискиот баталјон, потполковник Ласте Георгиев со гордост ја истакна професионалноста, посветеноста и значајната улога на припадниците на единицата во поддршка на Армијата и граѓаните, осврнувајќи се на реализираните задачи, обуки и вежби во изминатата година. „Инженерискиот баталјон не гради само патишта, туку гради доверба, сигурност и иднина. Нашата најголема сила не е само во опремата, туку пред сè во нашиот персонал, неговото знаење, срце и посветеност, а патот на инженерецот е секогаш напред!“ рече потполковник Ласте Георгиев. По повод Денот на единицата, беа прочитани наредби за унапредување и стимулативни мерки за припадниците на баталјонот кои постигнале високи резултати во работата. Како најдобар вод од составот на Инженерискиот баталјон е избран Првиот инженериски вод од Четата за општа инженериска поддршка. За остварените резултати во повеќегодишната соработка, командантот на Инженерискиот баталјон им додели благодарници на претставниците од општините: Делчево, Јегуновце, Боговиње, Македонски Брод и Старо Нагоричане. Во рамки на свеченоста беше реализирано дефиле и тактичко-технички збор на опремата и средствата со кои располага единицата. Со одлука на претседателот и врховен командант на Вооружените сили, за ден на Инженерискиот баталјон е одреден 13 Ноември, како датум од историско значење на кој единицата е носител на традициите на инженериската бригада на Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеСветски ден на дијабетесот: Над 121 илјада граѓани со дијагноза и растечки број млади пациентиКога во лабораториската анализа ќе видиме дека шеќерот ни е 6,2 или 6,8, тоа не е нешто што треба да се игнорира и граѓаните мора да водат повеќе сметка за себе, бидејќи не можеме да живееме нездраво, да внесуваме алкохол и да пушиме цигари,...Кога во лабораториската анализа ќе видиме дека шеќерот ни е 6,2 или 6,8, тоа не е нешто што треба да се игнорира и граѓаните мора да водат повеќе сметка за себе, бидејќи не можеме да живееме нездраво, да внесуваме алкохол и да пушиме цигари, а да бараме одговорност од државата или здравството да ги санира последиците од лошите навики. Ова е пораката на Министерот за здравство Сашо Клековски по повод Светскиот ден на дијабетесот. Раното откривање е клучно, вели Министерот. -Сметам дека за превенција на дијабет имаме една едноставна мерка, се вика вага и чини 600 денари,-министерот за здравство Сашо Клековски. Ендокринолозите велат дека бројот на пациенти кои се дијагностицираат од година во година расте, меѓу нив неколку стотина се деца, а илјадници граѓани живеат со болеста без да знаат дека ја имаат. Лекарите алармираат дека и откако ќе се дијагностицира дијабетот за секој пациент треба да има индивудуален пристап на третман. За девет години, или од 2015 заклучно со јули 2024 бројот на евидентирани пациенти пораснал за повеќе од 37 илјади, а над 121 илјада граѓани во Македонија имаат дијагностициран дијабетес, покажува национална студија објавена годинава во меѓународното научно списание на Американското здружение за клиничка ендокринологија. Загрижува порастот на преваленцата кај помладите, особено во возрасната група од 20 до 39 години. Од вкупно 121.750 дијагностицирани, над 66 000 се жени, а без малку 1500 се помлади од 20 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДССДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради.Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години каде потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје. СДС повторно се обидува преку политички прес-конференции да ја замени реалноста со празни обвинувања. СДС е партијата која со години имаше можност да го развива Скопје, а наместо тоа остави зад себе нефункционален систем. Граѓаните многу добро паметат во каква состојба беше градот по годините на управување на СДС. Немаше реализирани проекти, Скопје доби блокади, неисполнети ветувања, проблеми во јавните претпријатија и наталожени инфраструктурни проблеми. Особено лицемерно е СДС да зборува за транспарентност и јавни набавки, без притоа да даде одговор за сопственото управување и за состојбите што ги остави зад себе. Ако имаат конкретни докази за незаконитости, нека ги достават до надлежните институции, наместо да шират сомнежи преку политички обвинувања. Денес, кога се преземаат чекори за надминување на наследените проблеми и за реализација на нови проекти, СДС повторно шири само демагогија. Денес Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор. Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница – до крајот на оваа година, а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години. Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано се работи на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје, улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница се прошируваат и се адаптираат за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, а се продолжува со градежните работи на другите фази од проектот. Во Карпош, се поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Се расчистува и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“. На Скопје му требаат решенија, а не политичко лицемерие од СДС кои со години имаа можност да работат, а не испорачаа резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20