Ужас во САД: Човекојадец убил, распарчил и делумно изел момче (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Ужас во САД: Човекојадец убил, распарчил и делумно изел момче (Вознемирувачко видео)

Судот во Мичиген го прогласи виновен Марк Дејвид Латунски, кој призна дека го убил и распарчил 25-годишниот Кевин Бејкон, за убиство од прв степен.

Ужас во САД: Човекојадец убил, распарчил и делумно изел момче (Вознемирувачко видео)

„Судот смета дека се работи за пресметано и планирано кривично дело“, рече судијата. Латунски (53) го признал убиството и осакатувањето на телото.

Латунски на распитот на полицијата им рекол дека размислувал да купи дехидратор за обработка на мускулите на Бекон и дека планирал да направи брашно од коските на неговата жртва.

Мери Шартие, адвокатката на Латунски, тврдела дека нејзиниот клиент не го планирал убиството на Бејкон. Во последните зборови, таа спомнала дека Латунски, кога полицијата му тропнала на вратата, ги поканил да влезат, иако знаел дека во подрумот виси тело.

Законската дефиниција за убиство со умисла бара сторителот да ги разбере последиците од кривичното дело. Но Латунски отишол на божиќна забава откако го убил Бејкон без да ја измие крвта од себе, што, тврди адвокатот, покажува дека не бил свесен за последиците од убиството, објавија американските медиуми.

„Полицијата пронашла тело на маж обесен во неговиот подрум, кого признал дека го убил и дека мислел дека дошло до „големо недоразбирање“. Тој целосно не бил свесен за последиците“, рекла Шартие.

Откако полицајците ја напуштиле просторијата за испрашување, камерата го фатила Латунски како си зборува. Тој рекол: „Не го планирав тоа“.

На 28 декември 2019 година, полицијата го пронашла Бејкон обесен за глуждовите во подрумот на домот на Латунски во градот Бенингтон.

Бејкон бил прободен со нож, му го пресекол грлото и му биле изедени делови од телото, изјавиле сведоците на судењето. Меѓу нив бил и полицаецот кој прв го пронашол телото на Бејкон во подрумот.

Полицаецот Еван Заполски изјацвил дека форензичарите на мобилниот телефон на убиецот откриле дека во деновите пред убиството, тој барал ножеви на Интернет повеќе од 50 пати, додека полицискиот наредник Џејмс Мур, кој ја водел истрагата, рече дека Латунски пребарувал неколку теми поврзани со канибали на интернет.. Тој додаде дека Латунски го купил ножот неколку часа пред да се сретне со Бејкон.

YouTube video

На распитот Латунски рече и дека по убиството го обесил телото за глуждовите со помош на систем за макара. Изрекувањето на пресудата е закажано за 15 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Вежба за евакуација и противпожарна заштита

Денес беше реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита, која се одржа на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

О. Битола: Вежба за евакуација и противпожарна заштита

Вежбата беше изведена со цел практично да се провери степенот на подготвеност на вработените од институции, одговорните лица и останатите учесници за навремено, организирано и ефикасно постапување во случај на пожар и други вонредни ситуации.

Организатор на оваа вежба беше „Премиум Сејфти Солушн“, од каде велат дека реализацијата на ваква вежба има особено значење за објект од јавен карактер како што е стадионот, каде во услови на зголемена посетеност може да се најдат голем број лица на ограничен простор и каде брзината, организираноста и координацијата при евакуација се од суштинско значење за заштита на човечкиот живот.

Вежбовните активности ги проследи и градоначалникот на Битола Тони

Коњановски кој рече дека превенцијата е многу важна, не само во услови на пожари и други вонредни ситуации, туку воопшто во сите оние предизвици пред кои секојдневно сме исправени.

„Апелите се секојдневни, еве и во оваа прилика во екот на состојба со пожари, сакам уште еднаш да апелирам на совесно однесување во средината во која се движиме и која може да е потенцијално место за пожар или друга непогода, односно вонредна ситуација.

За да можеме да делуваме во било која ситуација, треба да сме свесни и рационално да размислуваме, без паника, туку смирено и разумно да реагираме.

Токму овој настан денеска, оваа вежба за евакуација и противпожарна заштита, ќе биде лекција за тоа како да постапуваме.

Како Општина секогаш даваме поддршка на унапредување на превентивното дејствување, безбедноста и подготвеноста за постапување при пожари или други вонредни ситуации“ истакна градоначалникот на Битола.

На прес конференцијата градоначалникот на Битола истакна дека во завршна фаза е новата противпожарна зграда во поранешната касарна, која ќе биде објект кој ги задоволува сите стандарди за ефикасна интервенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер