ЖивотУжас во Лондон : Фрлил девојка од 4. кат зашто го одбила неговото додворување Јусеф Али (19) е прогласен за виновен за тешки телесни повреди , откако фрлил 18-годишна девојка од балконот од четврти кат. Тој го стори тоа затоа што таа го одбила неговото додворување. Пред тоа, прободел две лица со нож. Судот во Лондон го прогласи за виновен за обид за убиство. На 4 август 2019 година, 19-годишникот организирал забава во луксузен стан во Бермондзи, југо-источен Лондон. Жртвата, која претходно не го познавала Али, пристигнала таму со нејзини пријатели. На Али му се допаднала и наскоро почнал да ја допира и гушка. Но, таа го одбила и тој станал лут и агресивен. Подоцна пристигнала друга група мажи, со кои Али се карал. Го зел ножот од кујната и почнал да им се заканува. Повеќето избегале од станот, но Али сепак успеал да избоде двајца. Тие биле однесени во болница и оттогаш се опоравиле целосно, пренесува Скај њуз. Жената успеала да излезе од станот и отишла да повика лифт кога Али и се приближил. Таа истрчала кон балконот и повикала помош од луѓето на улица, но Али ја стигнал и ја турнал преку оградата. Man pushes young woman from fourth-floor Balcony! Yet Found NOT GUILTY Of Attempted Murder! Yusef Ali of #Lambeth, has been found guilty of affray & possession of an offensive weapon. Victims Age: 18 Sentencing commences on the 5th March.@WeAreTRR @WeAreAPW pic.twitter.com/xy1Ah7s7sw — UK Street Crime (@UKStreetCrime1) February 4, 2020 Неименуваната жртва претрпела значителни повреди и поминала неколку недели во болница. За среќа, таа успеала да се опорави, но не била во можност да го заврши училиштето или да се врати на работа. Али ќе биде осуден на 5 март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter