Ужас во Италија: Тројца мажи претепале бремена жена- бебето го родила со итен царски рез(ВИДЕО)

Бремена жена во осмиот месец од бременоста била претепана од тројца мажи во метрото во Рим, поради што морала да го роди бебето со итен царски рез, а мајката моментално е во тешка состојба.

Бебе родено со царски рез е добро, но мајката чија состојба е стабилизирана ќе мора да го оперира, зашто напаѓачите ѝ ја скршиле вилицата, пренесе Дејли Меил.

Станува збор за мајка (40) на дванаесет деца која одбила да питачи и краде.

"Единственото нешто на што помислив беше мојот син во стомакот. Морав да го заштитам и затоа ги држев рацете на стомакот. Затоа ме удрија така во лице, тоа беше единственото место каде што можеше да ме боли.Во еден момент се сокрив под седиштето, а кога се отвори втатата од метрото, ​​тие побегнаа“, рекла несреќната жена.

Како што рекла, група насилници ја претепале затоа што не сакала повеќе да краде.

„Мора да заработиш повеќе“, рекоа насилниците додека ме тепаа.

Имало најмалку две жени кои ја снимиле целата сцена и ја објавиле на социјалните мрежи, а како што вели и тие побегнале, како и насилниците.

"Ги испратија да ме убијат бидејќи не сакав повеќе да крадам. Ме нападнааа и имаа месингани боксерки во рацете. Ме удрија и со шише", додала таа.

Отворена е истрага и точниот настан ќе се утврдува во наредниот период.

Сите органи на прогонот и здравствените власти се во максимална готовност за да ги заштитат жените и бебињата од можни нови напади.

Според италијанските медиуми, во ромскиот камп Кастел Романо престојувале овие тројца мажи.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер