3Триото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во Битола
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
БалканУжас во Грција: Мајка ја спасува ќеркичката во последен момент (Вознемирувачко видео) Безбедносните камери во Нафпактос, Грција, снимија неверојатна сцена!Снимката, објавена од локалните медиуми, прикажува мајка која успеала да ја спаси својата ќеркичка од речиси сигурна смрт во последен момент! Сè се случило кога возач, кој ја изгубил контролата врз возилото, се судрил со нејзиниот паркиран автомобил додека го ставала своето дете во возилото, објавува Протагон. Инцидентот, според ЕРТ, се случил на улица во близина на пристанишниот плоштад во Нафпактос. Жената стоела до својот паркиран автомобил и во тој момент го ставала своето мало дете во возилото. Одеднаш, автомобил што доаѓал од спротивната насока, под сè уште нејасни околности, скршнал од патот и се судрил со нејзиното возило со голема брзина. Мајката веднаш ја почувствувала опасноста и реагирала неверојатно брзо. За дел од секундата, го зграпчила детето во раце и избегала од местото на настанот, скокајќи во блиската продавница со детето во раце. Неколку моменти подоцна, возилото без контрола се удрило во нејзиниот паркиран автомобил, предизвикувајќи голема штета. Не се пријавени сериозни повреди, што во голема мера се должи на брзата реакција на жената, која буквално го зграпчила детето и го спасила во последен момент. Тагови: ќеркичка мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата најостро ги демантира невистинитите тврдења изнесени од СДСМВо врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации.Владата на Р. Македонија преку соопштение ги демантира тврдењата на СДСМ . Демант од Влада на РМ. Во врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации. Станува збор за дрски и безобразни лаги. Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда. Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба. Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање. Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината. Пред фактите паѓа секоја манипулација. Апелираме, кога на ниту еден начин не помагаат, барем од СДСМ да престанат безобразно да лажат, стои во соопштението од Владата. Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаМинистерството за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во ЕвропаМакедонија внимателно ја следи состојбата во Европа – домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни институции, редовно ги следи хидролошките параметри, расположливите резерви и прогнозите, со цел навремено да се преземат сите потребни мерки доколку условите се променат. Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Тоа овозможува да се одговори на актуелните потреби во рамките на планираното производство Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Истовремено, хидроелектраните продолжуваат да обезбедуваат и системски услуги неопходни за одржување на стабилноста на електроенергетската мрежа. Показателите за домашното производство се охрабрувачки. Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава во Македонија се произведени 462.653 MWh електрична енергија, со што се покриени 96,5 проценти од домашната потрошувачка што претставува значително повисоко учество на домашното производство во обезбедувањето на потребите на државата. Во исто време, податоците од АД ЕСМ покажуваат значително зголемување на производството од хидроелектраните – за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, како и раст од околу 10 проценти кај ветерните електрани. Овие резултати се потврда дека постепената диверзификација на производните капацитети, внимателното управување со акумулациите и подобреното планирање придонесуваат за поголема отпорност на македонскиот енергетски систем во услови на сè почести климатски промени. Паралелно се инвестира во нови капацитети за производство од обновливи извори, во модернизација на електроенергетската инфраструктура, во развој на батериски системи за складирање на електрична енергија, како и во проекти што ќе овозможат поголема флексибилност и побрзо прилагодување на системот во услови на климатски и пазарни промени. Во тек е изградбата на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, со што неговиот инсталиран капацитет ќе достигне 50 MW, а започнуваат и активностите за реализација на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, додека подготовките за „Битола 2“ и „Битола 3“ се во напредна фаза. Истовремено, се создаваат услови за поширока примена на системи за складирање на електрична енергија, кои ќе овозможат поефикасно искористување на обновливите извори и поголема стабилност на системот. Покрај домашното производство, значајна улога има и регионалната енергетска поврзаност. Интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас, а паралелно се подготвува и реализацијата на интерконекторот со Србија. Истовремено, Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Со ова приклучување во координирана европска мрежа од национални гасоводи, интерконектори и терминали преку кои природниот гас ќе може да се движи по повеќе правци, од југ кон север на Европа, значително се зголемува и стратешката вредност на интерконекторите со Грција и Србија. Наместо да бидат само национални проекти, стануваат дел од поширока европска транспортна мрежа, што ќе овозможи подобро искористување на капацитетите, поголема флексибилност и повисоко ниво на сигурност во снабдувањето, а со тоа земјата станува и важна транзитна точка за снабдување со гас во регионот и Европа Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија. Климатските промени претставуваат сериозен фактор што мора да биде земен предвид при планирањето на националните енергетски политики. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со долгорочни политики насочени кон поголемо домашно производство, јакнењето на енергетската отпорност преку диверзификација на производните извори, инвестиции во обновливи извори на енергија, модернизација на електроенергетската инфраструктура, развој на складирање на енергија и унапредување на регионалната енергетска поврзаност. Истовремено, продолжува и процесот на подобрување на системите за планирање, следење и управување со ризици, со цел енергетскиот сектор да биде подготвен за сè поизразените климатски предизвици. Министерството ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата во земјата и регионот и навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни информации, со единствена цел – обезбедување стабилно, сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураТриото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во БитолаВо рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“.Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера. Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата врвна интерпретација и посветеност на камерната музика. Денешната формација ја сочинуваат Александар Стефановски (флејта), Емилија Ристевска Стефановска (флејта) и Татјана Божиновска (пијано) - уметници кои зад себе имаат бројни солистички настапи, концертни турнеи и соработки со Македонската филхармонија. Ансамблот се афирмираше и на меѓународната сцена со освојувањето на престижната „Диплома на честа“ на Torneo Internazionale di Musica во Париз во 2006 година, по што беше поканет да настапи во Рим заедно со најдобрите камерни состави - лауреати од целиот свет. Нивната успешна кариера продолжи со настапи во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција и Соединетите Американски Држави, како и со промоции на три компакт-дискови. Триото е добитник на престижната битолска награда „4 Ноември“, како и признанието „Најуспешни битолчани“, а зад себе има настапи на најзначајните музички фестивали во земјата, меѓу кои Охридско лето, Скопско лето, Интерфест - Битола, Хераклејски вечери, Златна лира и Битолско културно лето. Во последните години ансамблот продолжува активно да ја претставува македонската музичка култура во странство. Во 2025 година настапи во Македонскиот културен центар во Истанбул, а оваа година и во Македонскиот културен центар во Загреб. Концертот на Триото „Интерарт“ на БИТ ФЕСТ претставува можност публиката да ужива во вечер исполнета со префинета камерна музика и изведба на уметници чие творештво повеќе од две децении остава силен белег на македонската и меѓународната музичка сцена. Влезот е слободен, а дел од програмата ќе бидат: G. Schocker: Three Dances, M. Videnovic: Ivino, A. Rubtsov: Marbella Fantasy и J. M. Damase: Trio.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08