БалканУжас во Грција: Ги криел мртвите мајка и сестра, го уапсиле за убиство откако ги нашле нивните распаднати тела Телата на две жени, на возраст од 91 и 56 години, се пронајдени во состојба на распаѓање во стан во грчкиот град Зографу, а еден маж (54), син и брат на жртвите, е осомничен за нивната смрт.Тој е уапсен по испрашувањето под сомнение за убиство. Според неговите тврдења, сестрата починала прва пред околу три месеци од рак. Тој наведува дека, не сакајќи нејзината смрт да биде позната, го ставил нејзиното тело во собата со нивната мајка, која, вели тој, починала два дена подоцна. Обидувајќи се да го оправда своето непријавување на смртта, тој за време на испрашувањето во полицијата изјавил дека се плашел дека може да ја изгуби куќата во која живееле. Сепак, овие тврдења не го убедиле надлежниот обвинител, кој наредил негово апсење. Мажот тврди дека двете жени починале пред три месеци, што се совпаѓа со изјавите на роднините. Прелиминарната проценка на патологот покажува дека телата биле во собата каде што биле пронајдени најмалку еден месец. Случајот беше откриен откако роднините го пријавија исчезнувањето на двете жени во полиција во четврток, 26 март. Роднините рекоа дека се плашат дека синот и братот на жртвите би можел да им направи нешто лошо. Полицијата во саботата се обиде да влезе во станот што роднините го наведоа, но никој не ја отворил вратата. Еден ден подоцна, вчера осомничениот ја отворил вратата, но првично одбил да ги пушти полицајците внатре, тврдејќи дека двете жени живеат на друга адреса. Откако полицијата ја проверила адресата што ја дал и утврдиле дека неговите тврдења се неточни, се вратиле во станот. За време на претресот, сите соби биле во вообичаена состојба, освен една, чија врата била запечатена. По наредба на обвинителот, полицијата влегла во запечатената соба, каде што биле пронајдени телата на двете жени во напредна фаза на распаѓање.Тагови: мајка сестра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16