Ужас во Франција: Над 600 бебиња претрпеле сексуално насилство во 2024 година - Канал 5

Ужас во Франција: Над 600 бебиња претрпеле сексуално насилство во 2024 година

Повеќе од 600 бебиња помали од две години биле жртви на сексуално насилство минатата година, според податоците објавени од Француската меѓуминистерска мисија за заштита на жените (Miprof).

Ужас во Франција: Над 600 бебиња претрпеле сексуално насилство во 2024 година

Според мисијата, која се повикува на податоци од Министерството за здравство, минатата година во здравствени установи биле примени 614 бебиња поради сексуално насилство, што претставува два проценти од вкупниот број жртви на овој вид насилство, објави Монд.

Вкупно 73.992 жртви биле примени во здравствени установи поради родово базирано и сексуално насилство во 2024 година, што е за речиси 9.000 повеќе од претходната година, според најновиот годишен извештај за насилство врз жените во Франција.

Според податоците од Независната комисија за инцест и сексуално насилство, околу 160.000 малолетници доживуваат сексуално насилство во Франција секоја година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. 

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

Лишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.

Лишен од слобода црногорец,  со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Средба на  Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието.

За време на средбата, претседателот на Собранието ја истакна својата визија за давање нова димензија на Собранието и негово трансформирање во транспарентна и отворена институција водена од демократските вредности и принципи. Во овој контекст, тој ги информираше за достигнувањата во областа на дигитализацијата, зголемувањето на институционалната транспарентност и поголемата вклученост на граѓанското општество во парламентарните процеси.

Претседателот, исто така, стави посебен акцент на важноста на проектите што ја трансформираа интеракцијата на Собранието со јавноста, истакнувајќи ја дебатната анкета, која ја опиша како еден од најуспешните и најпрофесионалните проекти спроведени досега. Овој процес, спроведен во соработка со Институтот за европска политика, овозможи директно вклучување на граѓаните во дискусиите за прашањата од јавен интерес, зајакнувајќи го дијалогот меѓу Собранието и граѓаните.

Претставниците на НФД и ИЕП го оценија напредокот постигнат кон модернизацијата и отвореноста на Собранието и ја изразија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат иницијативите и проектите што ја зајакнуваат демократската култура, политичкиот дијалог и граѓанското учество во парламентарните процеси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер