Насилство во Франција: Со метални прачки и молотови коктели напаѓаат граѓани и полицајци (ВИДЕО) - Канал 5

Насилство во Франција: Со метални прачки и молотови коктели напаѓаат граѓани и полицајци (ВИДЕО)

Стотина маскирани напаѓачи со метални прачки и молотови коктели нападнаа автомобили на автопатот и се судрија со полицијата во текот на ноќта во централниот француски град Лимож.

Насилство во Франција: Со метални прачки и молотови коктели напаѓаат граѓани и полицајци (ВИДЕО)

Девет полицајци беа повредени во ноќните судири. Властите претпоставуваат дека станува збор за војна меѓу банди за територија. Вооружени напаѓачи се упатија кон автопатот RN141 и се обидоа да го блокираат за време на конфронтација со полицијата.

„Имаше помеѓу 100 и 150 маскирани лица, вооружени со молотови коктели, пиротехнички средства, камења, железни прачки и бејзбол палки“, изјави за АФП локалниот лидер на полицискиот синдикат, Лоран Надо.

Градоначалник: Таа сиромашна населба со имигранти стана зона на беззаконие

Полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми. Градоначалникот на Емил, Роже Ломберти, ги нарече бунтовниците „урбана герилска група“. „Тие се организирани, структурирани, има план, оружје. Ова не беше спонтан протест поради поплаки за нешто. Без изговори, ништо. Станува збор за уништување работи и покажување дека територијата ви припаѓа“, рече тој.

Потврдено е дека со молотови коктели биле нападнати возила на граѓани. Во некои од овие возила имало семејства со деца.

Слични немири избувнаа во ноќта меѓу 13 и 14 јули. Потоа, бунтовниците се судрија со полицијата во блискиот округ Вал де л'Оренс. Ломбертие нагласи дека оваа „многу сиромашна населба, со млади луѓе од имигрантско потекло“ станала „зона на беззаконие“.

Обвинителката од Лимож, Емили Абрантес, потврди дека населбата е позната по трговија со дрога, но истакна дека нема докази што ги поврзуваат немирите со неодамнешните истраги за трговија со дрога. Француското Министерство за внатрешни работи на Франција објави дека ќе распореди специјални безбедносни сили на клучни локации во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

Вчера (12.09.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид, во рамки на преземените мерки и активности во врска со недозволена трговија со дрога, кај Автокамп „Љубаништа“ извршиле контрола и преглед над А.Ш.(43) од Прилеп.

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Лицето било лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела

За период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела

Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со силни инвестиции во инфраструктурата. Реконструирани и изградени се повеќе локални улици и патишта во Илинден, Кадино, Мршевци Дељадровци и населбата Јака, а во тек се и нови инфраструктурни проекти.

Посебен фокус е ставен на иднината на децата. Започната е изградбата на новата училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“, со 10 училници и современи услови за настава. Во училиштата низ општината продолжуваат реконструкциите, опремувањето и создавањето подобри услови за учениците.

Грижата за семејствата останува еден од приоритетите. Еднократната финансиска поддршка за новороденчињата е зголемена на 6.000 денари, а од учебната 2026/2027 година е воведена и поддршка од 3.000 денари за секое прваче, покрај бесплатните ранци и прибор.

Се инвестира и во спортот. Се гради нова трибина на фудбалскиот стадион во Илинден со капацитет од околу 1.100 гледачи, додека спортската сала „Гоце Делчев“ се реновира по речиси две децении. Реконструирани се и спортски игралишта во Мралино и Марино.

Инвестициите во животната средина и комуналната инфраструктура продолжуваат. Изградени се повеќе километри канализациска мрежа во Кадино, започнат е голем проект за канализација во Миладиновци, продолжува проширувањето на водоводната мрежа, а во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“ засадени се над 1.000 нови садници.

Ова се само дел од проектите кои се реализирани.

Општина Илинден продолжува со уште посилно темпо, за современа инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе можности за младите и сигурна иднина за секое семејство.

Илинден продолжува да се развива и да се менува на подобро.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Автопортет: Има само една банда - ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски

Шефот на организираната криминална група ВМРО, Христијан Мицкоски, вчера изрече една реченицата која ќе остане како автопортрет на оваа власт:

СДСМ: Автопортет: Има само една банда - ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски

„Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема...“

Нема мали банди точно, има само една голема, таа контролира се.

Нема повеќе улични банди- има партиска.

Нема рекет од страна - рекетот сега има печат, кабинет и прес-конференција.

Нема повеќе провизии од Лотарија „на црно“ - има систем во кој државата е плен, 5,5 милиони евра а Лотаријата се води како приватна фирма на ВМРО-ОКГ.

Нема повеќе марихуана економија како изговор - има монопол на лажната приказна дека криминалот исчезнал затоа што сега тие го водат.

Затоа пет тони марихуана поминуваат граница и царина кон сестринската СНС и Вучиќ без задржување, уште и со полициска придружба.

Криминалот и корупцијата сега имаат име и презиме: арамија Христијан Мицкоски.

Мицкоски не објави резултат. Објави капитулација на институциите.

Кога шефот на владата излегува и вели дека криминалот го нема, тоа не е биланс. Тоа е легализација на криминалот и корупцијата.

ВМРО-ОКГ две години ја градеше државата како криминална мрежа: свои луѓе во тендери, свои луѓе во судството и обвинителството, свои луѓе во безбедност - МВР и АНБ, свои луѓе во игри на среќа, свои луѓе во енергетика, свои луѓе поставени низ целиот државен апарат.

Потоа излегува премиерот и вели - нема банди.

Бандата е на власт. Нема конкуренција на улица кога улицата ја држи кабинетот.

И додека Мицкоски ги раскажува своите економски бајки, граѓаните ги плаќаат сметките и гледаат како власта си купува слика на лажен ред, а одговорноста за аферите секогаш завршува кај претходните.

Класичен метод на организирана криминална група: укради го наративот, па укради ги и доказите.

Криминалот не исчезнува со изјава. Исчезнува со истрага која не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

5,5 милиони евра од лотарија, милиони во енергетика, во јавни набавки и безбедносни служби не се ПР-теми. Тоа се канали низ кои ВМРО-ОКГ ја држи државата.

Кој денес тврди дека „нема банди“, утре ќе тврди дека нема ни жртви.

Нема повеќе банди.

Има една. Се вика ВМРО-ОКГ и седи во владата.

СДСМ ќе ја именува. Ќе ја гони политички. И нема да прифати дека Македонија е „чиста од криминал“ само затоа што шефот на бандата така рекол.

Уште малку. Доаѓа време на вистина и правда. Граѓаните ќе ја вратат власта во свои раце, а оваа банда ќе одговара - пред независно судство и пред европско обвинителство.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер