МакедонијаУжас во Бутел: Удрија девојче со мотор на пешачки и избегаа (Вознемирувачко видео) Видео со вознемирувачка содржина се споделува на социјалните мрежи.Во видеотот снимено на улица во скоската населба Бутел 2 може да се види како девојче е прегазено на пешачки премин. Според снимката на социјалните медиуми се чини дека несреќата се случила на улицата Ферид Бајрам во Бутел 2, на потег од Чаир кон Железара. Девојчето поминува на пешачки премин, кога наеднаш се појавува мотор со две лица на него и удира во девојчето. Таа паѓа од силниот удар, а моторот со голема брзина се оддалечува. За среќа, девојчето веднаш станува и таа почнува да бега, а на снимката се слуша како плаче. Не е познато дали и колку е повредено девојчето, како и дали шќе бидат преземени мерки против моторџиите, кои избегаа и не се свртеа да видат во каква состојба е девојчето по ударот.Тагови: девојче пешачки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права Поранешниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, поднесе тужба против Турција до Европскиот суд за човекови права поради дисциплинските санкции што му беа изречени додека беше на чело на турскиот клуб. Судот во Стразбур ја прифати тужбата на разгледување и официјално побара изјава од турската влада, која има шест месеци да одговори, пишуваат турските медиуми. Случајот произлегува од санкциите што му ги изрече Дисциплинскиот комитет за професионален фудбал (PFDK) на Турската фудбалска асоцијација за коментарите што ги даде по натпреварот против Трабзонспор во ноември 2024 година. Португалскиот стручњак потоа беше казнет со забрана за пристап до соблекувалната и казни во износ од неколку стотици илјади турски лири. Откако Арбитражниот комитет на Турската фудбалска асоцијација ја потврди првичната одлука, Мурињо одлучи да се обрати до Европскиот суд за човекови права. Аргументи на тужбата Во својата тужба, Мурињо наведува дека дисциплинските тела на Турската фудбалска асоцијација не се независни и дека неговите права на слобода на изразување се прекршени со казните што му се изречени. Тој исто така тврди дека не му била правилно доставена образложената одлука за казната, која, според него, му го одземала правото на фер судење. Европскиот суд за човекови права забележува дека известувањето испратено до турската влада не го прејудицира исходот од спорот, туку го означува почетокот на официјалната постапка. Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Фенербахче во 2024 година, а го напушти клубот во август 2025 година. Во тој период, тој го водеше тимот во 62 натпревари и постигна просек од 2,02 поени по натпревар. Тој моментално е на клупата на Бенфика, а медиумите го поврзуваат со можно враќање во Реал Мадрид доколку претседателот Флорентино Перез обезбеди нов мандат на чело на клубот.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЕвропаНа патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат. WATCH: A Lufthansa Boeing 787-9 Dreamliner (D-ABPQ) sustained substantial damage after its nose landing gear collapsed while parked at the gate at Frankfurt Airport. The incident led to the cancellation of today's LH450 to LAX service as airport and airline teams assess the… pic.twitter.com/BPdK5fWVVk — Turbine Traveller (@Turbinetraveler) June 4, 2026 Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.Тагови: авион Франкфурт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВоведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовитеВо Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите. Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови. Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп. За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22