Ужас во БиХ: Поради ТикТок предизвик, група момчиња силувале дете и молчеле во полиција

Откако во јавноста се појавија информации дека група момчиња во Грачаница, град на североистокот на Босна и Херцеговина, силувале врсник и дека сѐ е снимено со мобилен телефон и објавено на социјалната мрежа ТикТок, полицијата го истражува случајот.

Полицијата за новинарите на „Независне новине“ не можела да потврди дека станува збор за силување, но изјавиле дека е снимен „инцидентот“ и дека истрагата е оценета како чувствителна поради заштита на малолетници.

На новинарско прашање дали во полиција е пријавен случај на наводно силување на момче од неколку врсници во приватен објект во Грачаница, ним им било кажано дека полициските службеници на Министерството за внатрешни работи во соработка со Кантоналното обвинителство на кантонот Тузла ги преземаат потребните мерки и дејствија во врска со настанот кој бил пријавен на 18 ноември.

„Со оглед на чувствителноста на истрагата и заштитата на малолетниците/децата - актери на споменатиот настан, не сме во можност да дадеме повеќе информации“, соопштија кусо од МВР.

Новинарите на „Независне новини“ не можеле да добијат никакви информации за овој настан од Кантоналното обвинителство.

Она што неофицијално го дознаваат и што не е потврдено од надлежните институции е дека се работи за деца на возраст од девет и десет години и дека настанот се случил во селското училиште, а од друга страна има информации дека настанот се случил во приватен објект. Наводно, три момчиња го силувале својот врсник со предмети.

Се споменува уште еден случај на силувана девојка за која што не може да се дознае ништо официјално.

Дека безбедносната состојба во Грачаница е загрижувачка говори и тоа што минатиот месец граѓаните имале средба со надлежните служби, институции на тема за подобрување на безбедноста во овој град. На средбата се разговарало и за врсничкото насилство.

„Во изминатиот период бевме сведоци на страшни настани кои се случија во нашиот град и кои нѐ загрижуваат. Имавме постара малолетничка избодена со нож на автобуска постојка, неколку примери на врсничко насилство, видеа кои кружат на социјалните мрежи во врска со овој неодамнешен случај и врсничко насилство во кругот на Средношколскиот центар, односно градскиот парк“, вели еден граѓанин.

Градоначалникот Нусрет Хелиќ вети дека ќе формира стручно работно тело со цел безбедносната состојба да се подигне на повисоко ниво, а побарана е и поголема вклученост на полицијата, Центарот за социјална работа и други институции.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

Повици за единство до опозицијата повторно испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно со повик за обединување до македонската опозиција. 

По митингот во Охрид, вчера и од Крива Паланка, се обрати до дел од опозициските партии ЗНАМ и Левица и ги повика на национално единство за борба против СДСМ и ДУИ. Прифаќањето на подадената рака, според него, ќе значи искрена и чесна борба за иднината на Македонија.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Повиците на Мицкоски за македонско единство ги искоментира и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот митинг во Струга. Според него на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, за да оди напред, наместо за мораториум.

- Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да ја донесете на овие избори, изјави Ковачевски.

Претходно, лидерот на ЗНАМ и претседателски кандидат Максим Димитриевски изјави дека позитивно гледа на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но вели, можни разговори за идна влада ќе бидат условени со дефинирани црвени линии за Македонија. Димитриевски повтори дека не планира да коалицира со СДСМ.

Сепак, дел од аналитичарите во понудите за национално единство гледаат политички пинг понг на митинзи и предизборна реторика за глас повеќе, отколку за некаква заедничка стратегија по изборите.

- Повеќе сум склон да верувам дека сегашната реторика и повиците за обединување и одговорите од партиите се дел од предизборната реторика. Ние сме во период со високи емоции, со потреба за освојување на глас повеќе и тоа треба да се гледа низ таа призма. Точно е во политичка смисла дека после изборите ќе треба поголемите партии да седнат и да направат некаква заедничка визија, не само за уставните измени и патот кон ЕУ, туку и за оние проблеми кои долго ја мачат државата. Криминал и корупција, здравство, образование... тоа се проблеми кои надминуваат еден мандат и не може само една партија да ги реши. Но, не верувам дека сега партиите одбивањето или прифаќањето за понудите за национален консензус се предмет на некој поопсежна политичка анализа, оценува Петар Арсовски за Канал 5.

Во меѓувреме партиите продолжуваат со презентација на изборните програми. Во истовреме продолжува и кампањата за претседателските избори на неполна недела до првиот круг за избор на шеф на државата.

Тошковски: Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија, обрасците се во магацинот на МВР

Изјава на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

Тошковски вели дека 30.000 обрасци за патни исправи се пристигнати и дека се наоѓаат во магацинот на МВР. Тој додаде дека Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија за да ги види обрасците.

Министерот за проблемот со долгото чекање за издавање на пасоши го обвини претходниот менаџмент на МВР, бидејќи, како што вели, не успеале да набават дополнителни машини за печатење.

притисни ентер