Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска
1Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска
Други спортовиУжас на НАСКАР: Се обидел да скокне од запалено возило во движење, па се забил во ѕид (ВИДЕО)Американската НАСКАР-ѕвезда Џордан Андерсон со хеликоптер е пренесен во болница со изгореници од втор степен, откако удри со своето запалено возило во заштитната ограда и излета низ прозорецот за време на Светската трка на камионети во Кампинг.Андерсон го држеше четвртото место кога неговиот камионет се запали, а пожарот ја зафати и кабината. Возачот се обидел да излезе од запаленото возило преку прозорецот, па возилото излетало надвор од контрола на патеката полна со автомобили кои возеле брзо и на крајот удрило во оградата од гума. Во тоа време, Андерсон успеал да се наведне низ прозорецот доволно за да не се здроби во ударот, туку да го исфрли од камионот. Jordan Anderson jumping out of his moving truck on fire. #NASCAR pic.twitter.com/PhsQaNo7TG — Thomas Schlarp (@TSchlarp) October 1, 2022 Возачот слетал на штитникот на пневматиците, а потоа паднал зад болидот на патеката. Набрзо пристигнала помош и со хеликоптер бил пренесен во болница во блискиот Бирмингем, Алабама, САД. За среќа поминал без посериозни последици и се јавил од болницата на социјалните мрежи. pic.twitter.com/Eg0ZrSRZTC — Jordan Anderson (@j66anderson) October 1, 2022 „Завршив со изгореници од втор степен на вратот, лицето, десната дланка, рацете и двете колена. Вечерва ме пуштаат и лекарите велат дека сѐ ќе заздрави за неколку недели“, напишал Андерсон, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката и велејќи дека тоа бил најстрашниот момент во неговата тркачка кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаПрвиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството ДанскаМинистерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот. На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи и блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО ГОКК: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедениОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени сите пет лица кои им беа недостапни на органите на прогонот во врска предметот за проневера од речиси три милиони евра за Фудбалската федерацијаНа еден од осомничените, судија на претходна постапка вчера му одредил мерка притвор, а втор доби мерки за обезбедување. Од обвинителството денеска соопштија дека на другите двајца осомничени им се одредени мерки на претпазливост, а на последниот му е одредена мерка куќен притвор. Минатата недела основниот кривичен суд скопје им одреди 30-дневен притвор на три лица, меѓу кои и на поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, петмина добија куќен притвор, а четворица мерки на претпазливост во рамки на истрагата за финансиски манипулации и криминал во ФФМ.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаОгњеновиќ: 2 години Влада на Мицкоски: Изгубени години за младите, изгубена надежПоминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж.Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места. Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома. По две години, нема ништо од тоа. Ги излажаа младите! Мицкоски им ја украде иднината. Го блокираше европскиот пат на Македонија Наместо надеж, младите добија неизвесност и изолација. Наместо перспектива, добија разочарување. Затоа денес секој трет млад човек размислува да ја напушти државата. Не затоа што не ја сака Македонија. Туку затоа што не гледа иднина во политиките на оваа власт. Мицкоски прво ги повикуваше младите да се врателе во Македонија, за веднаш потоа да им каже дека ќе ги менува за „економски работници“. Вистината е дека Платформата 1198 е една голема лага. Во реалноста на младите им останаа само разочарувањето. Прес конференција, Петар Огњеновиќ – СДММТагови: Петар Огњеновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook