3Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
Други спортовиУжас на авто трка: Седуммина загинати, меѓу кои и дете, кога со автомобил се забил во публикатаСедум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога тркачки автомобил излетал од патеката во Шри Ланка и удрил во луѓе кои стоеле во публиката.Несреќата се случила вчера на трката Fox Hill Supercross во Дијаталава. Меѓу загинатите има четворица претставници на трката, како и гледачи, меѓу кои и осумгодишно девојче, соопшти армијата. Објавени се неколку детали за возачот и неговата состојба. Властите соопштија дека е во тек целосна полициска истрага за несреќата на патеката во сопственост на војската. Дијаталава, во централниот дел на јужниот дел на Шри Ланка е поранешен гарнизонски град и армијата таму има академија. Според очевидци, трагедијата се случила набрзо откако автомобилот се превртел на патеката. Организаторите се обиделе да ги забават болидите околу местото на несреќата со трепкање на жолти светла, но додека болидите брзо минувале, еден црвен автомобил излетал од патеката и удрил во гледачите на страната на незаштитената патека. Пет лица починале на лице место, а двајца им подлегнале на повредите во болница. Многумина од повредените се во критична состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар.„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи дека стратегијата, поттикната од енергетската криза, веќе дава конкретни резултати преку реални инвестиции во училиштата и јавната инфраструктура. Покрај реализираните фотоволтаични системи во ООУ „Киро Глигоров“, посочи Герасимовски, Општина Центар планира нови системи во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“ за што се обезбедни финансиски средства. „Ефектите се многу реални: намалени трошоци за електрична енергија, поголема енергетска сигурност и поефикасно користење на јавните ресурси. Секој заштеден денар од енергијата се враќа назад во образованието, спортот, културата и услугите за граѓаните. Сакам Центар да биде препознаен како општина која не само што ги следи европските трендови, туку и ги поставува стандардите за другите локални самоуправи во државата,“ рече Герасимовски. Управителот на ТД „Енергија Центар“, Игор Бимбилоски, истакна дека процесот на енергетска транзиција носи резултати, но и одредени предизвици. „Најчесто тие се во делот на административните процедури и координацијата со институциите, но тоа нè прави уште пофокусирани и поодлучни да продолжиме со реализација на проектите,“ посочи тој. Бимбилоски порача дека „Енергија Центар“ претставува нов модел на локален развој, насочен кон поефикасно управување со енергијата и поодржлив урбан развој за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ЕвропаАнкета: Речиси 70 проценти од Украинците очекуваат смена на Зеленски по војнатаСкоро 67 проценти од Украинците очекуваат претседателот Володимир Зеленски да биде сменет по завршувањето на војната, според анкета на Меѓународниот институт за социологија од Киев (KIIS) објавена денес. Оваа бројка претставува значително зголемување во споредба со 23 проценти во 2023 година, а доаѓа во време кога Зеленски влегува во седмата година од својот претседателски мандат, пишува „Киев Индепендент“. Анкетата го одразува и поширокото јавно барање за промени во другите гранки на власта, иако повеќе анкети постојано покажуваат дека повеќето Украинци се противат на одржувањето избори додека не завршат непријателствата. Испитаниците беа прашани дали веруваат дека Украина треба да ја обнови и замени централната влада - вклучувајќи го претседателот, владата и парламентот - по војната, со цел да се обнови земјата. Анкетата, исто така, покажа дека уделот на Украинците кои сметаат дека мешањето на претседателот во работата на парламентот и владата е оправдано, се намалил на 52 проценти во споредба со 2022 година. Поддршката за повоено обновување на парламентот се зголемила на 83 проценти од претходните 69 проценти, додека 74 проценти од испитаниците поддржуваат промени во владата, наспроти 47 проценти забележани во 2023 година. Бројот на Украинци кои очекуваат барем одредено ниво на промени во централната влада се зголеми на 88 проценти, во споредба со 73 проценти во 2023 година. Студијата покажува дека дури и меѓу оние кои целосно му веруваат на Зеленски, 33 проценти очекуваат тој да биде отстранет по војната. Тој процент се зголемува на 68 проценти меѓу оние кои најмногу му веруваат и 97 проценти меѓу оние кои воопшто не му веруваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успехПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успехПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Честитајќи им за извонредниот успех, претседателката им се заблагодари за витешката битка, личната и тимска победа, како и достојното претставување на државата на светската ракометна сцена. Таа смета дека освоените медали се резултат на истрајната работа, темелната посветеност и исклучителниот талент, како и награда за манифестираната способност за рамноправен натпревар со најдобрите училишни селекции во светот, што ги прави најдобри македонски спортски амбасадори. Сиљановска-Давкова потенцираше дека ракометот има посебно место во македонската спортска историја, во којашто и самите се вградија. Исто така, претседателката потсети дека македонскиот ракомет изнедри генерации врвни спортисти, кои инспирира низа генерации. Осврнувајќи се на значењето на спортот во развојот на физичкото и менталното здравје на младите, таа заклучи дека ракометот е повеќе од игра, тој е животна филозофија во којашто се спојуваат дисциплината и страста, умот, вештината и храброста, личниот напор и колективниот дух. Според неа, преку спортот младите учат како индивидуалниот придонес да го насочат кон врвната заедничка цел, преку доверба, солидарност и свест за општо добро. Младите ракометари и ракометарки во извонредното достигање препознаваат потврда и признание за трудот, но и силна мотивација за стремеж кон освојување нови ракометни спортски врвови. Посакувајќи им успешна иднина, Сиљановска-Давкова им посака да го задржат и негуваат шампионскиот дух. На средбата присуствуваа и претставници на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, предводени од претседателката Елена Мицковска, која на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ врачи Благодарница за посебен придонес во развојот и афирмацијата на училишниот спорт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00