Увозот на евтина струја од Македонија во ЕУ ги загрозува европските климатски амбиции

Увозот на евтина струја од земјите од Западен Балкан, меѓу кои води Македонија, претставува ризик за европските амбиции за намалување на емисиите на ЦО2 во ЕУ, како и во регионот, предупредува британскиот тинк тенк, Сендбег.

Во Европската Унија системот на размена на квоти на емисии познат како ЕТС има за цел да ги поттикне земјите членки да ги намалат штетни емисии.

Овој комплексен систем им овозможува на земјите и на компаниите да ги заменат емисиите со ограничен број на кредити за проекти кои штедат емисии било каде во светот и со тоа да го компензираат тоа што го емитуваат во воздухот. Системот треба да придонесе за постигнување на климатска неутралност во 2050, односно нула штетни емисии во ЕУ.

Но, според последниот извештај на Сендбег, земјите членки го заобиколуваат системот и сѐ повеќе купуваат струја произведена во централите на јаглен од соседните земји како Турција, Украина, Мароко и западниот Балкан.

Податоците од извештајот покажуваат дека Македонија води во регионот во однос на извозот на струја, а главни купувачи се Грција и Бугарија.

Ниту една од овие земји нема воведено тарификација за јагленот, со што, предупредува организацијата „се компромитира намалувањето на емисиите на ЕУ и се охрабрува употребата на јаглен во соседните земји кои ќе станат „офшор рај" за јагленот", стои во извештајот.

ЕУ редовно предупредува дека шеснаесетте централи на јаглен во регионот загадуваат колку сите 250 централи на Унијата.

Нето увозот на струка е зголемен од 3 на 21 тони ват на час (TWh) меѓу 2017 и 2019.

Експертите од овој тинк тенк пресметале дека увезената струја испуштила 26 милиони тони ЦО2 во воздухот, додека да се произведела таа струја во земјите членки на ЕУ емисиите ќе биле помали за 11 тони, затоа што електричните мрежи во ЕУ помалку загадуваат.

Дополнително, доколку увезените емисии беа покриени со системот на квоти за ЦО2 на ЕУ тоа ќе значеше 630 милиони евра поголем приход за Унијата.

Оваа „неоданочена" увезена струја произведена со јаглен како што ја нарекува Сендбег ризикува да се зголеми во иднината.

-Предвидено е да се зголеми капацитет за интерконекција за 31 отсто помеѓу ЕУ и третите земји, ова дополнително ќе ги изложи пазарите на струја на ЕУ на увоз. Петнаесет отсто од оваа експанзија ќе биде на западниот Балкан каде се наоѓаат електричните централи кои најмногу загадуваат во Европа, алармира Сендбег и потсетува дека е планирана изградба на нови термоелектрани на јаглен во наредните години во Турција, Египет, Босна и Србија.

ЕУ земјите кои најмногу увезуваат струја од трети земји се Финска, Грција и Хрватска и покрај тоа што имаат амбициозни планови за декарбонизација, односно планираат целосно да го исфрлат јагленот до 2030. Меѓутоа, ќе останат изложени на увозот на струја од централи на јаглен кои загадуваат и со тоа де факто ги загрозуваат и националните и европските амбиции за декарбонизација и климатска неутралност.

Земјите од западниот Балкан најмногу извезуваат во Грција, Бугарија, Романија, Хрватска и Унгарија.

Најголемите текови се меѓу Македонија и Грција со 2,7 TWh и Босна и Хрватска со 1,6, додека во самиот регион на западниот Балкан најголемите текови се меѓу Македонија и Бугарија со 1,8 TWh и Бугарија и Србија (1,3).

-И покрај тоа што е нето увезувач на струја по обем, западниот Балкан е нето извезувач на ЦО2 емисии во ЕУ. Проценуваме дека 6,3 тони ват на час извезени во ЕУ од страна на западниот Балкан испуштиме дваесет отсто ЦО2 од целокупниот увоз на струја, пишува во извештајот.

Земјите од регионот планираат да ги зголемуваат своите капацитети на јаглен без план за вклучување на обновливи ресурси.

-Емисиите на Македонија се зголемуваат според сите сценарија, немаат таргет за обновлива струја, моментално набавуваат 23 отсто. Така што е веројатно дека фосилните извори ќе продолжат да доминираат најмалку до 2025, предупредува организацијата.

Со оглед на овие податоци, Сендбег ја повикува ЕУ да примени карбон такса на увозот на струка од трети земји и со тоа да покаже кредибилност кон сопствената климатска политика и да спречи делокализација на емисиите од електричниот сектор, истовремено поттикнувајќи ги земјите од соседството да спроведат сериозна декарбонизација и да ја усогласат својата политика со таа на ЕУ.

Велики Четврток - почнуваат велигденските празнувања

Денеска е Велики Четврок - на овој ден рано наутро пред изгрејсонце се вапсуваат  првите велигденски црвени јајца.   

Вапсањето на црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во целиот христијански свет. Велигденското јајце го симболизира Христовото воскресение. А црвената боја има симболика на победата, кога Синот Божји со своето воскресение ја победил смртта.

„Човекот го изразува преку симбоиката на вапцаното јајце онака како што тоа го направила Марија Магдалена пред римскиот цар кога му поклонила едно јајце, затоа што јајцето бил подарок кај Евреите, оној најскромен подарок што може да се даде, а симболиката на црвената боја е победата , односно победата на живтото на смртта, на воскреснатиот врз демонот, ѓаволот и злото.“- Отец Сашо

Екипата на Канал 5 рано утрината беше во домот на Лиле Цветковска, која раскажа за долгогодишната традиција во нивниот дом.

„Јас по традиџција од мојата мајка со лушпа кромид ги врзуам јајца, црвените веќе ги вапцав... а овие ги пуштаме во која боја сакаме....Па ние како деца кога ќе станвме веќе мајка ми ги имаше вапацано јајцата...“- Лиле Цветвковска

А откако ги завршуваат домашните обврски и ги вапсаат јајцата, граѓаните велат секоја година како за Велигденските, така и за сите други празници одат во најблиската црква, да си земат осветена вода, а денеска на Велики Четврток и брашно и зејтин.

„Прво три едно господово нели за куќата, за домот и другите сите обично во четврток јас сите ги фарбам... Првпат земам и брашно и зејтин, не сум земала досега...“

„Сабајлето како што е традицијата да... дојдов да си запалам свеќи за здрваје....“

„И вечер ќе дојдеме да се протнеме и да оставиме јајце, како е редот, обичаите како налагаат така ќе биде...“

„Иако не сум баш добра на сета сила станав и ги направив....“

„Секоја година доаѓаме, секоја година си фарбаме јајца си ги тераме редовите како што треба...“

Велики Четврток денот од Страдалната седмица, е ден кога почнуваат велигденските празнувања. Ден кога Исус Христос бил предаден и осуден.

„Исто така Велики Четврток е денот кога се извршува светата тајна или освештение, се осветува елеј, зејтин и тогаш верниците знаат си носат зејтин во црквата и после литургијата се извршува таа света тајна и си понесуваат во своите домови, тоа е всушност оној зејтин со кој се помачкуваат преку цела година кога имаат и духовна и телесни потреби.“- Отец Сашо

Утре е Велики Петок, најтажниот ден во Христијанството, кога бил распнат Исус Христос. На Велика Сабота на полноќ се чека радосната вест за Христовото воскресение, по што верниците се поздравуваат со „Христос Воскресна“ - „Навистина воскресна“.

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март минатата година е зголемен за 1,7 отсто, а за 1,9 отсто во првиот квартал споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бројот на работниците е зголемен за 5,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,5 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март минатата година, бележи пораст кај Енергија за 4,3 проценти, Капитални производи за 16 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Во пресрет на конечната одлука дали ќе продолжиме да плаќаме поскапо осигурување за 15 отсто при регистрација на возилата,  Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Групацијата на осигурителните компании и натаму со спротивставени ставов

Од Агенцијата уште еднаш потенцираа дека зголемувањето на цените е неоправдано и оттаму ја охрабрија Владата, преку измени на тарифникот – да ги намали цените на полисите.

Според анализата на Агенцијата, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето. Според супервизорите, со зголемена цена, ќе се создаде комфорна зона во работењето на компаниите, без да се насочат на иновации и подобрување на ефикасноста.

-Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Тоа е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување. – Агенција за супервизија на осигурување

Со спротивен став излегоа од Групацијата на осигуритените компании при Стопанската комора. Тие реагираат дека Комисијата за автомобилска одговорност 15 години не извршила корекција на цените, кои според Националното биро за осигурување, се неодржливи. Велат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување лани претрпела загуба во износ од 176 милиони денари.

-Јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години имаме раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите за 83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување. – Групација на осигурителни копмании при Стопанска комора

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаат од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото.

притисни ентер