МакедонијаУтврдена листата на кандидати кои ќе бидат интервјуирани за судија во ЕСЧП во СтразбурКомисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница.Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју. На листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју се: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг. До Комисијата биле пристигнати апликациите на 20-те апликанти: Велимир Деловски , Соња Петрушева, Оља Ристова, Александар Гоџо , Тони Менкиноски, Валентин Пепељугоски, Ѓоко Живковски, Андреј Димовски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Лидија Неделкова, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова, Едита Наскова, Александар Лазов и Ана Дангова Хуг. Комисијата изразува задоволство од искажаниот интерес и од бројот на апликации и во однос на квалитетот на апликантите. Кандидатите кои се избрани ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20 октомври 2025 година. За точниот термин за интервју ќе бидат известени преку Министерството за надворешни работи.Тагови: Стразбур ЕСЧП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките условиЦентралната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови.Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови и продолженото времетраење на мисијата. Претседателот Доналд Трамп најави дека „Линколн“ ќе биде повлечен од Блискиот Исток, пренесува „Анадолу“. Одлуката за повлекување на бродот уследи по загриженоста изразена од семејствата на членовите на екипажот во врска со долгото време поминато на море, проблемите со снабдувањето и влошеното ментално здравје. „Бродот заминува, или ќе замине многу наскоро, и ќе биде заменет со друг, многу сличен брод“, изјави Трамп пред новинарите. Според „Волстрит џурнал“, „Линколн“ бил во мисија повеќе од 250 дена и не впловил во ниту едно пристаниште во последните 200 дена. Бродот ја започнал својата мисија во ноември, а во јануари бил пренасочен кон Блискиот Исток поради тензиите со Иран. Сенатор предупредува на проблеми Сенаторот Ричард Блументал исто така изрази загриженост за состојбата на бродот. Во писмото упатено до секретарот за одбрана Пит Хегсет и вршителот на должноста секретар на морнарицата Хунг Цао, Блументал се повика на извештаи за низа сериозни проблеми. Тој посочи на недостаток на основни потреби, контаминација на водата, дефекти во водоводните инсталации и влошување на менталното здравје на екипажот. Тој, исто така, предупреди на безбедносни пропусти на бродот и месеци доцнење во испораката на поштата. Како замена, USS George H.W. Bush (CVN-77), носач на авиони на нуклеарен погон од класата Нимиц. CENTCOM објави фотографии на кои се гледаат борбени авиони како полетуваат од неговата палуба во Арапското Море, каде што ќе обезбедат безбедносна поддршка на регионот. Од друга страна, американската морнарица ги негираше извештаите за широко распространета криза со менталното здравје на бродот Lincoln. Во официјалното соопштение се наведува дека нема зголемување на самоубиствените мисли или обидите за самоубиство меѓу членовите на екипажот. Секретарот на морнарицата Хунг Цао потврди дека Lincoln наскоро ќе се врати дома како дел од планираната ротација.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
ЕвропаПолски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter