Водители ѝ ги мирисаат стопалата на Дру Баримор, а потоа таа ги мириса нивните (ВИДЕО) - Канал 5

Водители ѝ ги мирисаат стопалата на Дру Баримор, а потоа таа ги мириса нивните (ВИДЕО)

Дру Баримор очигледно нема проблем да ги помириса стапалата на своите колешки - токму тоа го направи во најновата епизода од нејзиното ток-шоу „Шоуто на Дру Баримор“. 

Водители ѝ ги мирисаат стопалата на Дру Баримор, а потоа таа ги мириса нивните (ВИДЕО)

Во духот на спонтаноста по која е позната, популарната актерка и водителка без двоумење ги помириса стапалата на своите ко-водители, Сани Андерсон и Рос Метјуз, додека студиото се смееше и не можеше да поверува што гледа.

Зошто го направи тоа?

Спонтаниот момент беше продолжение на сега веќе виралниот клип од 7 октомври, во кој Андерсон и Метјуз ги помирисаа стапалата на нивниот шеф во живо во етер, што предизвика многу смеа и изненадување. Откако видеото стана хит на социјалните мрежи, триото одлучи да се осврне на целата ситуација.

„Почнав да добивам известувања дека ова стана вирално - секое издание, секое списание, секоја веб-страница... Ги помирисавме вашите стапала“, рече Метјуз, и самиот изненаден од реакцијата што ја предизвика моментот.

Сани Андерсон додаде дека нејзините пријатели веднаш почнале да ѝ пишуваат пораки: „Значи, само така ќе ги помирисаш нејзините стапала?“ Таа додаде со смеа дека стапалата на Дру „навистина не мирисаат на ништо“. Баримор, малку засрамена од вниманието, праша дали луѓето се вознемирени поради сето тоа, но Метјуз ја увери - објаснувајќи дека сè било само неочекувано, ништо повеќе.

YouTube video

Таа, исто така, ги помириса нивните стапала без двоумење

Во тој момент, водителката предложи Баримор „да ја врати услугата“ и да ги помириса стапалата на нејзините колешки - и тогаш повторно се појави моментот што го обиколи интернетот. Дру, се разбира, веднаш се согласи. „Фала му на Бога што вчера направив педикир“, извика Андерсон со смеа, додека Метјуз додаде: „Во моја одбрана, ова е свежо извадено од рерна!“

Баримор, без двоумење, ги помириса стапалата на двајцата и заврши со насмевка: „Нема мирис!“ - пред шега да се преправа дека ги јаде прстите на Андерсон, нарекувајќи ги „прекрасни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. 

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

-Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување.

Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес.

-Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска.

Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на државниот инспекторат за транспорт.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во Тетово

Груба политизација со апрсурдни и бесмислени напади упатени кон Уставниот суд...

Уставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во Тетово

Вака првиот човек на Уставен Дарко Костадиновски го оцени протестот организиран од ДУИ поради преименувањето на улиците во Тетово, кои беа укинати со одлука на судот. Порача дека ваквите протести се насочени против владеењето на правото, а нападите од партиите за работата на судот кои како што посочи Костадиновски траат од почетокот на неговиот мандат ги смета за комплименти и смета дека тие се доказ дека Уставен добро си ја врши работата. Порача дека судот ја донел одлуката во во законски пропишана постапка.

Уставниот суд како што најави Костадиновски наскоро ќе постапува по иницијативата за намалените плати на јавните обвинители. Според него нивните примања треба да бидат усогласени со нивниот статус, обврски и должности. За ниската доверба во правосудството Костадиновски прстот го впери во дел од обвинителите и судиите но и во извршната власт и нејзината супериорна надмоќ на над другите власти, како и во ниската политичка култура.

За начините на зајакнување на довербата во правосудството ќе се разовара и на меѓународна конференција на Балканскиот форум на уставни судии со кој во измнатата година претседава македонскиот уставен суд, а на која ќе бидат споделени искуствата авта од над 30 уставни судови. Конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер