ЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава”
Американскиот Балкански трговски центар започнува стратешка соработка со Трговската комора на Илиноис
1ЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава”
2Американскиот Балкански трговски центар започнува стратешка соработка со Трговската комора на Илиноис
3 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
МетеоУтрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова ШапкаНајниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6 степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3 Охрид, Претор, Куманово и Mаврови Анови, а -1 степен во Гевгелија и Kрушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени Церлзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.Тагови: Берово УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
МакедонијаЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава” Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми.„ Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми. Во исто време, веруваме дека кредибилитетот на процесот на проширување најдобро се зајакнува кога секоја земја кандидат се оценува врз основа на сопствениот напредок и исполнувањето на заеднички договорените европски стандарди. Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес. Тоа е темел за создавање европска држава и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите. Истовремено, свесни сме дека пред нас останува значајна работа и сериозни предизвици. Нашиот фокус во наредниот период ќе биде јасен: подобра имплементација, посилни институции и конкретни и одржливи резултати“, истакна заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде, покрај за нашата земја, се разговараше за напредокот на полето на владеење на правото и во Албанија, Црна Гора и Србија. Истакнувајќи ја посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, Трајков потенцираше дека во изминатиот период се направени значајни чекори во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја. „Нашиот пристап е јасен – реформите не ги спроведуваме само заради исполнување на формални критериуми, туку пред сè заради нашите граѓани, со цел да обезбедиме стабилна, просперитетна и европска иднина. Во областа на правосудството, продолживме со спроведување на реформите насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството и обвинителството. Во оваа насока, презедовме и законодавни и институционални чекори за унапредување на правосудниот систем и негово понатамошно усогласување со европските стандарди“, рече заменик-министерката Трајков, додавајќи дека целта е натамошно јакнење на институционалните капацитети, човечките ресурси и условите за независно и ефикасно функционирање на правосудните институции. Говорејќи за борбата против корупцијата, таа нагласи дека се продолжило во насока на зајакнување на превентивните и институционалните механизми, со посебен фокус на транспарентноста, интегритетот и отчетноста на јавните институции и дека Новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 претставува значаен чекор во оваа насока. „Донесовме и унапредивме законски решенија со цел да се зајакне системот за превенција и борба против корупцијата и да се создадат поефикасни механизми за постапување во случаи на организиран криминал и корупција. Воедно, спроведуваме реформи во казнената политика со цел поефикасно откривање, процесуирање и санкционирање на овие кривични дела, во согласност со европските стандарди“, истакна Трајков. Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков се осврна и на пристапниот процес, оценувајќи дека тој треба да продолжи да се темели на јасни, објективни и предвидливи критериуми. „Добрососедските односи и отворениот дијалог се суштински дел од европскиот проект и ние остануваме посветени на нивното унапредување. Сметаме дека отворените прашања најдобро се решаваат преку дијалог, взаемно почитување и европски дух. Веруваме дека токму таквиот пристап ја прави политиката на проширување посилна и покредибилна и испраќа јасна порака дека реформите, постигнатите резултати и исполнувањето на европските стандарди се основата на патот кон членството во Европската Унија“, заклучи заменик-министерката за европски прашања Трајков на крајот од своето обраќање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмериканскиот Балкански трговски центар започнува стратешка соработка со Трговската комора на ИлиноисАмериканскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски.Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови можности меѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион. Договорот за партнерство беше потпишан во понеделник попладне, со што AБTC се приклучи на деловната мрежа на Стопанската комора на Илиноис низ целата држава. Партнерството отвора врата за поголема соработка, проширени деловни врски и дополнителни ресурси за Балканско-Американските претприемачи и бизниси низ целиот Илиноис и Америка. Комората на Илиноис ја поздрави AБTC како организација фокусирана на градење силни односи, создавање деловни можности и зајакнување на врските меѓу Американските и Балканските заедници. „Ви благодариме што го градевте Вашиот живот и бизнис овде во Илиноис. Тука сме да ви помогнеме и да работиме заедно за да го изградиме Американскиот сон за кој работевте толку напорно“, рече Џими Клејтон, извршен директор на Трговската комора на Илиноис. „Лично сакам да им се заблагодарам на Ник и на неговите партнери што станаа партнери на Комората на Илиноис уште од првиот ден. Ова е инзвонредно партнерство и можете да видите колку Ник се грижи за луѓето со кои работи и за партнерите околу него“, додаде Клејтон. За AБTC, ова стратешко партнерство претставува важна можност за проширување на својата работа и создавање посилни економски врски меѓу Балканските бизниси и Американската бизнис заедница. „Ова е голем ден за Американскиот Балкански трговски центар. Ова е уште еден чекор кон градење иднина за луѓето од Балканот тука во Америка“, рече Никола „Ник“ Андреевски, еден од основачите на AБTC. „Тоа значи дека можеме да обезбедиме поголема поддршка, да создадеме повеќе можности и да изградиме моќни, долгорочни економски врски за Балканските бизниси тука во Америка како и за Американските бизниси, додаде Андреевски. Трговската комора на Илиноис е независен глас на бизнисите во Илиноис, застапувајќи политики дизајнирани да поттикнат конкурентна деловна клима низ секторите низ целата држава. Нејзината агенда се фокусира на економски раст, развој на бизнисот и зајакнување на Илиноис како место за градење и раст на бизниси. Американскиот Балкански трговски центар (AБTC) е непрофитна организација со претставништва во Чикаго, Илиноис, Мајами, Флорида и Њујорк, но е распространет низ цела Америка. AБTC е посветен на градење мост помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканските земји преку создавање значајни врски, зајакнување на професионалните мрежи и поттикнување можности за соработка помеѓу Американските и Балканските заедници. На церемонијата на потпишување присуствуваа Џими Клејтон , извршен директор на Стопанската комора на Илиноис; Лаура Ортега-Ламела , заменик директор на Стопанската комора на Илиноис; Никола ,,Ник" Андреевски , основач на AБTC; Лука Јовановиќ , основач на AБTC; Бобан Попевски , основач и претседател на AБTC; Филип Миливојевиќ , основач на AБTC; Адриан Муравски , член на Советодавниот одбор на AБTC; и Филип Јотевски , извршен директор на AБTC. Новото партнерство претставува уште еден чекор напред за AБTC, бидејќи работи на поврзување на бизнисите, претприемачите и заедниците и градење посилни, долгорочни економски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Балканот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
МакедонијаО. Карпош: Младите Марин и Ена Ивановски со значајни скијачки успесиМладите скијачи од Карпош, Марин и Ена Ивановски, зад себе имаат успешна сезона исполнета со значајни резултати на домашни и меѓународни натпревари. Марин Ивановски, ученик во осмо одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“, во сезоната 2025/2026 година е прогласен за државен првак во дисциплините слалом и велеслалом, како и за првопласиран во генералниот пласман на Алпскиот куп при Скијачката федерација на Македонија (СФМ) во категоријата до 14 години. На меѓународните натпревари, Марин го освои второто место на ФИС-трка за деца до 14 години во дисциплината велеслалом, додека во слалом, на натпреварот во Арџена, Косово, се пласираше на третото место. Успешна сезона има и Ена Ивановска, поранешна ученичка во ООУ „Димо Хаџи Димов“, која е првопласирана во генералниот пласман на Алпскиот куп при СФМ во дисциплините слалом и велеслалом. Марин и Ена се долгогодишни членови на Ски-клубот „Меденица“ – Скопје, кој е прогласен за најдобар клуб во алпско скијање во земјава. Општина Карпош им упатува честитки на Марин и Ена Ивановски за постигнатите резултати и им посакува нови успеси во идните натпреварувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook