Утре во Владата тет а тет средба на Мицкоски и Филипче - Канал 5

Утре во Владата тет а тет средба на Мицкоски и Филипче

Утре во Владата ќе се одржи тет а тет средба мегу премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче, потврдија и од Владата и од опозициската партија.. 

Утре во Владата тет а тет средба на Мицкоски и Филипче

Утре во 14 часот во Влада премиерот Мицкоски ќе биде домаќин на тет-а-тет со претседателот на СДСМ Филипче, потврдија попладнево од Владата, како што велат, по јавната комуникација и демонстрираната подготвеност од двете страни. Претходно на прес конференција Филипче рече дека ваква тет а тет средба треба да има како вовед во изградба на долгорочна државна стратегија. Според него преку политички дијалог треба да подготват стратешки документи за следните две децении, со фокус на образованието, здравството, правосудството, животната средина, како најслаби алки во системот.

„ Се надевам дека кога политичките партии ќе го слушнат ова навистина ќе ја прифатат таа лидерска средба, но добро е прво тоа да го разговараме со премиерот имајќи предвид дека тој прв подаде рака и одговори дека средбата е прифатлива. Тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и паријата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат. “

По јавниот повик, премиерот Мицкоски одговори дека е непристојно за сериозни теми да се прави естрада на јавна сцена, но повтори дека е подготвен за средба со конкретен план, во било кое време.

„ Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам. “

За собраниска анкетна комисија СДСМ иако најавуваше, нема да инсистира да се формира веднаш. Филипче истовремено оценува дека истрагата за несреќата во Кочани е селективна, но сепак рече дека ќе дадат шанса на истражните органи. Тврди дека нема ништо против да се отворат и темите за несреќите со Беса Транс, Дурмо Турс или пак модуларната болница во Тетово.

„ Ова не е повлекување, ова е само механизам да имаме некаков инструмент активиран во момент во кој би дал вистински резултат. Немојте да мислите дека бегаме од нешто или од нешто се плашиме. Може да има анализа, проверка, било каква комисија за било кој настан во минатото. Но сега во однос на Кочани сметаме дека таа анкетна или било каква комисија треба да има некаков резултат. И со оглед на тоа што се уште трае истрагата и укажуваме зошто тој процес е селективен, можно е нешто да се смени и прошири. Во тој контекст сметаме дека треба да почекаме. “

Во меѓувреме во Собрание едиснтвено ДУИ поднесе формално барање за анкетна комисија, но иницијативата им беше вратена поради недоволниот број на потписи од пратеници. Од Мала Речица ова го толкуваат како страв од истрага со меѓународен мониторинг, додека од Коалицијата Вреди им возвратија дека едиснтвена нивна грижа е медиумско внимание.

YouTube video

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер