Утре во 11 часот почнува собраниската седница за уставните амандмани - Канал 5

Утре во 11 часот почнува собраниската седница за уставните амандмани

Последни пребројувања и калкулации но и зацврстување на веќе познатите ставови и обвинувања. 

Утре во 11 часот почнува собраниската седница за уставните амандмани

Уставните измени утре ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница. Ќе го обезбеди ли власта потребното двотретинско мнозинство за да го реализира предвиденото од Договорот со Грција, е прашање кое се уште нема одговор. Недостасуваат уште најмалку деветмина пратеници без кои е невозможно да се пристапи кон измена на Уставот. Пратениците од владејачкото мнозинство и денеска со апел до нивните колеги од ВМРО ДПМНЕ, да ги поддржат предложените измени тврдејќи дека нема штета по државните и национални интереси.

Од ВМРО ДПМНЕ не одговорија конкретно дали пратениците утре ќе присуствуваат на пленарната седница и како ќе гласаат пратениците. Велат дека ќе почекаат да видат како ќе тече собраниската расправа.

Но партијата го повтори цврстиот став дека Договорот со Грција е капитулантски и го обвинија премиерот Зоран Заев дека лажел кога тврдел дека нема да се отвора Уставот.

Во врска со притисоци врз пратеници од најголемата опозициска партија, пратеничката Фросина Ташевска-Ременски писмено се обрати до собранискиот спикер, Талат Џафери. Преку писмо го известува дека пратениците, но и нивните семејства, повеќе од една година се соочуваат со сериозни закани и линчувања, поради што од него бара да го извести МВР.Претходно и еврокомесарот ХАН, а и првиот човек на полицијата Оливер Спасовски рекоа дека има пријави за закани до членови и раководни лица во опозициската ВМРО ДПМНЕ, но досега ниту еден случај не е расчистен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим

Спикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим, во рамките на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа.

Тој ја искористи оваа можност да изрази благодарност за бројните проекти преку кои Кралството Холандија придонесува за демократскиот развој и спроведувањето на реформските процеси во Република Северна Македонија. Претседателот Ван Кампен информираше дека во претходниот пратенички мандат ја извршувал функцијата известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Во таа насока, претседателот Гаши даде поширок осврт на состојбите поврзани со евроинтегративниот пат на државата, како и на потенцијалните предизвици што произлегуваат од одложувањето на процесот на проширување. Потврдена беше стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз општеството. Планот за раст и Реформската агенда беа оценети како позитивни чекори во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на државата кон Европската Унија.

Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за унапредување на билатералната парламентарна соработка, како на ниво на пратеници, така и на ниво на парламентарните служби, и покрај тоа што во холандскиот Парламент не постои група за пријателство, каква што функционира во Собранието. На крајот се заложија за натамошно унапредување на билатералната соработка во претстојниот период и преку посети на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола, со кој во следните четири години се предвидува отворање на 2.000 нови работни места, објави на совјот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола

Оваа инвестиција е силен поттик за економскиот развој на Битола, Пелагонија и целата држава, но и потврда за потенцијалот на македонската работна сила и индустрија. Нашата определба е јасна, нови инвестиции, современи технологии, повеќе работни места и конкретни резултати. Разликата ја правиме со дела, а не со зборови!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади

Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“.

„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади

Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ кој ќе им овозможи на децата преку приказни, разговор, движење и творење да се запознаат со светот на уметноста и да го истражуваат сопствениот креативен израз.

Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Василиј Кандински и Винсент ван Гог се четворицата уметници вклучени во овој циклус работилници кои ќе ги инспирираат младите посетители со своите различни светови и идеи, но и специфичните начини на изразување.

Секоја од овие креативни средби ќе вклучува кратко запознавање со приказната на уметникот и неговите техники на творење, создавање свое уметничко дело, а потоа и оживување на приказните преку актерска игра и пантомима.

Проектот е наменет за деца на возраст од 6 години па нагоре и предвидува реализација на четири тематски работилници, во кои литературата, ликовната уметност и пантомимата се поврзуваат во единствена едукативна програма. Неговата цел е да ја поттикне детската љубопитност, да го развива креативното размислување и да отвори простор за прашања, слободно изразување, соработка и запознавање со светската уметност.

Циклусот ќе биде заокружен со јавен настан во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, на кој ќе бидат претставени резултатите од работилниците. Настанот ќе опфати групна изложба на изработените детски дела, пантомимски перформанс и завршна читачка работилница посветена на уметниците обработени во текот на циклусот и нивното значење во историјата на уметноста.

Влезот за секоја од работилниците е слободен.

Работилниците ги водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог, вајар и магистер по сликарство и Мето Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар.

Проектот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ е поддржан од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер