Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречиОпштина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, која со присутните разговараше за раното препознавање, соодветното реагирање и превенцијата од врсничко насилство, споделувајќи стручни совети и практични насоки. „Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира и за чие спречување сите имаме одговорност. Важно е родителите, наставниците и стручните служби навреме да препознаат кога детето се соочува со насилство и соодветно да реагираат. Молчењето и игнорирањето можат да остават сериозни и долготрајни последици врз детето и целото семејство“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Паралелно, и во центарските основни училишта се реализираа различни активности посветени на менталното здравје и спречувањето на врсничкото насилство. Учениците следеа едукативни предавања на темата „Врсничко насилство“ во соработка со СВР Скопје, се организираа работилници под мотото „СТОП за булингот“, а дел од учениците посетија и театарски претстави преку кои, на интересен и пристапен начин, им беа пренесени пораки за пријателство, прифаќање и градење здрави врснички односи. Општина Центар останува посветена на создавање безбедна училишна средина. Важно е секое дете да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш има кому да му се обрати за помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно. Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае. Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход. Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот. Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига. Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман. Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен. Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра. Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба. За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.Тагови: Тенерифе фудбалер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветЗемјите од групата „Квад“започнува голема воена вежбаЗемјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“. „Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио. Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Шоу биз„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиониШок-признание на мегапопулараниот актер, холивудската ѕвезда Николас Кејџ кој на сметката има 30 милиони, купувал замоци, а сега спие по хотелиАктерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот. Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“. Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели. За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом. „Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот. Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот. Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“. Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти. Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари. Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.Тагови: Николас Кејџ Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00