Утре продолжуваат тешките преговори за Брегзит

Преговорите за излез на Британија од ЕУ треба да продолжат утре , откако премиерот Борис Џонсон вчера телефонски разговарал со неколку европски функционери.

Еден од неговите соговорници, финскиот премиер Анти Рин, чија земја моментално претседава со ЕУ, рече дека му рекол на Џонсон дека е „важно да се најде решение во рок од една недела“.

„Џонсон рече дека се согласува со тој рок“, додаде тој.

Британскиот премиер во средата објави нов предлог, кој Лондон го смета за „праведен и разумен компромис“.

„Ние сакаме договор и разговорите ќе продолжат во понеделник врз основа на нашата понуда“, рече портпаролот на британскиот премиер.

Брисел не е на тоа мислење. „Предлозите на Велика Британија не претставуваат основа за договор“, рече во петокот портпаролката на Европската комисија, Наташа Бертау.

Планот на британскиот премиер е да се стави крај на граничниот проблем на ирскиот остров, избегнување на евентуално враќање на пограничните контролни точки меѓу Република Ирска, земја членка на ЕУ и британската Северна Ирска, која исто така ќе ја напушти ЕУ. Планот е оценет дека содржи „проблематични точки“ и дека треба да се ревидира. Борис Џонсон, пак, оцени дека тој го завршил својот дел од работата и дека Брисел треба да биде „флексибилен“.

Европските лидери мораат да одлучат на следниот самит во Брисел на 17 и 18 октомври дали се исполнети условите за прифаќање на ново одложување на датумот за излез на Велика Британија, закажан за 31 октомври.

Едно лице загина, а шест се повредени во судири во либискиот град Завија

Најмалку едно лице загина денеска, а шест се повредени во жестоки судири во западниот либиски град Завија.

Учесниците во судирите биле повикани на прекин на огнот за да се спасат семејствата заробени во зоната на конфликтот, јави либиската телевизија Алахрар.

Али Ахнеш, шеф на огранокот на Црвената полумесечина Завија, изјави за телевизијата дека 10 семејства се евакуирани и повика на „прекин на огнот за евакуација на семејствата лоцирани во областите каде што се случија судирите“.

Волонтерите на Црвената полумесечина добија повици од семејства во конфликтните области кои бараа да бидат евакуирани, рече тој.

Засега не се знае кој учествувал во судирите ниту зошто дошло до судирите.

Либија е зафатена од немири по соборувањето и бруталниот атентат на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година./МИА

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска

Случајот пријавен во полиција

Денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по што интервенирало нејзиното обезбедување.

-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Претходно, на 15-ти овој месец во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

притисни ентер