Утре претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено вдолж повардарието.

Температурата ќе се движи од 24 до 34 степени.

Во Скопје слично време со температурата до 32 степени.

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

притисни ентер