ЖивотУтре комеморација за Ванчо Петрушевски во Драмски театар Скопје Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина вчера од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи утре во 10 часот во Драмски театар Скопје.- Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања, наведе во известувањата за комеморацијата Драмски театар Скопје. Според извештајот од полицијата, Петрушевски починал од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки. Петрушевски е роден на 19 април 1951 година, во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Оттогаш како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање во 2017.та година. - Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секој пат покажува духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси. Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи, со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика, непрекинато концентриран, играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето, со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери, потенцираат од Драмски театар. За Петрушевски критиката пишува во суперлативи „... Суфлерот во Лебедова песна многу суптилно го обојува својот лик со хумор, со што уште повеќе ја покажува својата природа на сенка-човек. Исто толку несреќен колку големиот актер...“. „... Многу значајно место во севкупната поставеност на дејството има играта на Ванчо Петрушевски, како Човекот со ѓеврек и Човекот со лузна. Со лежерно мајсторство, неговите појави на сцената точно ги лоцираат идеите на режисерот Владимир Милчин за пресметка со мракот, мачнината. Тежината на поттикот е да се оди докрај, до безизлезот, да се биде на сечилото на ножот, на кое се води пресметката со мракот/мачнината, Да се чуе крикот на оние чија адреса е улицата... (Марисол). Ванчо Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот, како водител на кулинарско шоу, снимаше филмови, а негова пасија беше и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни. Многу генерации го препознаваат по ликот на Рамче. Воедное е и еден од првите Македонци кои настапиле во странски филм. Кај нас го снимил филмот Досие КА по негово сценарио и продуцентство, а истовремено ја толкувал и главната улога. Селективниот репертоар на сцената на Драмскиот театар во кој настапува, покрај многу други, се: Ослободувањето на Скопје, Солунски патрдии, Панургиј, Чудото на свети Ѓорѓија, Сомнително лице, Мачорот Мики Траси и Џингин Кан, Полнета птица, Дупло дно, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Собирен центар, Чија си, Женски оркестар, Грев или шприцер, Харем, Маратонците го трчаат почесниот круг, Зоолошка приказна, Сега му е мајката, Вујко Вања, Словенскиот ковчег, Платонов, Земјомерот, Сонот на летната ноќ, Тетовирани души, Марисол, Хамлет од Долно Гаштани, Македонски рулет, Лебедова песна, Баал, Живот во тесни чевли, Буре барут, Атена со пенис од Александар Русјаков, режисер Синиша Евтимов. Ванчо Петрушевски настапувал на сцените на Македонскиот народен тератар, народните театри во Штип и Велес.. Добитник е наградите „Димче Трајковски“ за улогата Јаков во претставата „Дупло дно“ (1985 година за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во претставата „Собирен центар“ (1989 год.). Во 1987 година, Ванчо Петрушевски го доби признанието за најпопуларно ТВ лице на годината според гласовите на читателите на весникот „Вечер“, а во 1988 година, според анкетата на ревијата „Екран“ е добитник на наградата „Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook