Утре клучни избори во Франција, на анектите води партијата на Ле Пен

Во Франција заврши предизборната кампања, пред утрешните клучни парламентарни избори.

Според првите проекции, убедлива победа ќе извојува крајнодесничарската партија национален собир на чело со Марин Ле Пен.

Францускиот премиер Габриел Атал предупреди дека евентуална победа на Ле Пен ќе доведе до „омраза и агресија“, но резултатите од анкетите покажуваат дека партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Џордан Баредела, кој би можел да биде нов премиер, цврсто ја држи водечката позиција.

Единствено прашање, како што покажуваат анкетите, е дали тој ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот на изборите кои се одржуваат во два круга, утре и на 7 јули.

Пожари беснеат на грчките острови Хиос и Кос во источниот дел на Егејското Море (ВИДЕО)

Грчките пожарникари се алармирани да ги локализираат пожарите кои денеска избувнаа на островите Хиос и Кос во источниот дел на Егејското Море.

Грчките служби за итни случаи издадоа наредби за евакуација на жителите од областа Метохи во западен Хиос, повикувајќи ги да се упатат кон блиската плажа, пренесува АП.

Малку појужно, на островот Кос, противпожарната служба соопшти дека 20 пожарникари, хеликоптер и доброволци се борат со пожарот кој избувна во централниот дел на островот.

Пожарите избувнаа еден ден откако противпожарната служба успеа да ги ограничи двата големи шумски пожари во близина на Атина кои беа запалени од налетите на силните ветрови.

„Имавме исклучително тежок јуни во однос на метеоролошките услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Ова лето ќе биде особено опасно поради пожарите“, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на седница на владата.

Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше неколку нови членови на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на стручна обука.

„Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

Никол Шерзингер се соблече по повод роденденот, фановите воодушевени (ВИДЕО)

Никол Шерзингер го прослави својот 46-ти роденден и ги почести своите обожаватели со фотографија и видео на својот Инстаграм профил.

Таа позираше во дводелен црн костим за капење покажувајќи го своето затегнато тело.

„Обземена сум од количината на љубов што ми ја испратија на мојот роденден“, им порача Никол на своите следбеници под објавата. „Боже, ти благодарам за уште една година. Не секоја година - веројатно мојата најхрабра досега. Ти благодарам за твојата благодат додека ми помагаш да растам и да се развивам. Ти благодарам за радостите и смеата, борбите и лузните. Ти благодарам за борбениот дух кој живее во мене за никогаш да не се откажам и да го пуштам, вечно сум благодарна за сè што сум“, им порача пејачката на своите фанови.

„Среќен роденден убава жено“, „Ти си мојата инспирација од самиот почеток на мојата кариера до денес... Те сакам“, „Ти го заслужуваш целиот свет“, беа само дел од коментарите на нејзините верни следбеници.

Неодамна Никол даде изјава за медиумите каде призна дека би сакала да има деца со нејзиниот вереник Том Еванс, но дека е многу тешко поради премногу обврски со кои се преоптоварени. Таа додава дека се чувствува како биолошкиот часовник да ѝ отчукува. Двојката се вери минатата година на Хаваи.

БМВ: Првата електрична М лимузина ќе надмине сѐ што сте виделе досега (ВИДЕО)

Electric M ќе биде придвижуван од четири мотори, а горната граница е 1360 КС.

Според шефот на BMW, погонот со четири мотори на EV може да испорача дури 1.341 КС.

Неодамна, идејата за целосно електричен автомобил во рамките на М дивизијата звучеше како сакрилегија, а сега дознаваме дека на таков автомобил веќе се работи. Според изјавите на раководителот на одделот М, тој ќе биде извонреден.

BMW веќе некое време работи на конфигурација со четири мотори и се очекува да го лансира својот прв седан со перформанси базиран на Neue Klasse во 2026 или 2027 година. Ќе се продава заедно со M3 со класичен погон. Френк ван Мил рече дека погонската единица е добра за дури 1.000 kW или еден мегават моќ.

Според ван Мел, новиот електричен М „ќе надмине сè што некогаш сте виделе“. За да го постигне ова, BMW развива свои електрични мотори и верува дека како S68 за M5 и S58 за M3 и M4, неговите е-мотори „ќе бидат репер во класата“.

Motor Trend предвидува дека новата лимузина ќе биде најбрзо забрзувачкиот M автомобил во историјата, забрзувајќи до 96 km/h за помалку од 3 секунди. Електричните мотори може да се ладат со вода или масло за да можат постојано да обезбедуваат максимален вртежен момент и моќност. Електричната архитектура од 800 волти ќе овозможи ултра брзо полнење на батериите, што ќе се разликува од другите модели на платформата Neue Klasse. Ван Мел откри дека ќе има поинаква хемија, и дека ќе има подобрен систем за ладење.

Конечно, не се исклучува и верзија од пониско ниво со „само“ два електромотори и нешто помалку од 700 КС.

притисни ентер