СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
1СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
2Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
МакедонијаУтре е ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во КочаниПо повод трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост.„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, напиша црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Икс. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за МакедонијаДве и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот. Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан. За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата. Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот. Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години. Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот. Тотален економски дебакл. Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација. Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДенеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците.Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците, по неколкудневните протести обележани со судири со полицијата, оштетување на училиштата и улично насилство. Демонстрациите, кои се проширија низ неколку поголеми градови, доведоа до палење канти за ѓубре и други предмети, фрлање проектили врз безбедносните сили и оштетување на училишни згради.Дваесет и четири од 735 училишта погодени од протестите се „запалени или ограбени“, рече францускиот министер за образование исто така информираше дека „78 членови на персоналот“ од министерството за образование се повредени „од почетокот на настаните“.Довеле до речиси 5.000 апсења од понеделник.Движењето започна пред две недели во средното училиште „Сент Егзипери“ во Кретеј, во париското предградие, во поддршка на наставниците што штрајкуваат, кои го осудуваат недостатокот на персонал и ресурси. Потоа доби на интензитет и постепено се прошири низ целата земја во текот на изминатата недела.учениците, меѓу другото реагираа и за небезбедните и нехигиенски згради, премногу часови, и недостатокот на персонал, некои, исто така, ја оспоруваат забраната за мобилни телефони во училиштата.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина ТеарцеПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook