Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Веб ТВУтре ден „Д“ за имињата на улиците на Тетово и за судбината на општинскиот советЌе има ли расплет за преименувањето на тетовските улици на утрешната седница на општинскиот совет? Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободниВМРО-ОКГ и Мицкоски повторно ја врти плочата: Врховниот суд ја укинал пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – и сето тоа е „судство под контрола на СДС“.Класична проекција на арамијата Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Две и пол години сте на власт. Вие ја презедовте полицијата. Вие ја презедовте АНБ. Вие ги презедовте обвинителствата. Вие ги презедовте судовите. Вие ги именувате кадрите. Поставувате сопруги на функционери на ВМРО-ОКГ, кадри на Сашо Мијалков, советници на Мицкоски, партиски послушници. Вие седнувате до државниот обвинител и испраќате закани за „расчистување со талогот“. Мицкоски, преку телефон, телевизија и собраниската говорница, нарачува истраги. Менува и избира обвинители преку телевизија. Ги навредува поранешните обвинители и ги нарекува медиокритети. Вие ги ослободувате Латас и Груевски. Вие си го враќате имотот стекнат преку криминал, измислувајќи апелациски дефиниции… Сето тоа го правите вие и Мицкоски, вашиот шеф на бандата. А сега, кога некоја одлука не ви одговара - повторно е „вина на СДС и ДУИ“. ДУИ со кои договарате вонредни избори? Кога вашиот возач зема мито – се оградувате. Кога телохранителот на Мицкоски тепа жена – вие го ослободувате. Кога 5 тони дрога ги испраќате преку граница до сестринската СНС и Вучиќ – нема одговорни. Ги отфрлате пријавите до обвинителството за Мицкоски и членовите на бандата преку ноќ. Пријавите за труење на водата стојат во обвинителството и никој не ги гледа. Кога вашите кадри се вмешуваат во тендери – молчите. Кога вашите луѓе имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши – молчите. Кога вашите министри го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид – молчите. Но кога судска одлука не ви се допаѓа – веднаш е „контрола на опозицијата“. Сакате да го прикриете фактот дека институциите сега се под ваша контрола и дека правдата е селективна - за вашите луѓе една, за другите друга. Но, не може. Сите веќе знаат. СДСМ бара едноставно: Независно судство. Независно обвинителство. Еднаква примена на законот за сите - без разлика дали се викаат Мицкоски, Јанушев, Тошковски или некој друг. Затоа СДСМ ја сака Европа, затоа што Европа носи независно правосудство и европско обвинителство. А затоа вие не ја сакате Европа, бидејќи тогаш вашата организирана криминална група, со шефот Мицкоски, веќе би била зад решетки. Додека тоа не се случи, додека не се ослободат институциите, а власта не се врати во рацете на народот, секоја приказна за „судство под контрола на СДС“ е само уште една лага од организираната криминална група што ја зароби државата. Да е правосудството слободно, вие немаше да бидете слободни. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во РосоманЛокалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина. Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија. За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината. Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен. Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година. Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации. Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСоветот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОККДенеска Советот на јавните обвинители треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter