Утре четврто издание на трката „Семос Едукација Водно 10км“ - Канал 5

Утре четврто издание на трката „Семос Едукација Водно 10км“

Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје во соработка со Семос Едукација утре го организира четвртото издание на трката "Семос Едукација Водно 10К" на која учество ќе земат 400 натпреварувачи.

Утре четврто издание на трката „Семос Едукација Водно 10км“

Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон“ и назад со вкупна должина од 9,6 км.

Покрај трката од 10 км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.

За сите учесници Семос Едукација ќе обезбеди вредносни ваучери за кратки обуки за возрасни и деца, а победниците ќе добијат парични награди и вредносни ваучери за Семос Академии.

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе се обраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршувањето на настанот по обратен редослед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раздор во францускиот тим – говорот на Дембеле ги налути соиграчите

Атмосферата во соблекувалната на француската репрезентација беше многу напната на полувремето од полуфиналето на Светското првенство против Шпанија, а во центарот на вниманието беше Усман Дембеле.

Раздор во францускиот тим – говорот на Дембеле ги налути соиграчите

Како што објави францускиот „Л'Екип“, неговиот обид да ги мотивира соиграчите предизвикал бурни реакции и незадоволство кај дел од тимот.

Франција отиде на полувреме со гол заостанување, а Дембеле одржа говор критикувајќи го начинот на кој тимот врши притисок.

Освојувачот на „Златната топка“ за 2025 година сметаше дека играта без топката е лошо организирана и недоволно координирана, поради што ги повика своите соиграчи да играат поагресивно и да се обидат да го свртат резултатот. Сепак, неговите зборови не беа одобрени од сите репрезентативци.

Според француските медиуми, некои играчи го критикуваа Дембеле за кревање на гласот и покажување незадоволство, најчесто кога се наоѓа во тешка ситуација на теренот, додека во други моменти не е подеднакво ангажиран како лидер на тимот.

Затоа неговиот говор, наместо дополнителна мотивација, предизвика гнев кај дел од соблекувалната. На крајот, обидот да се потресе тимот не даде резултати.

Шпанија поведе во 22-та минута со голот на Микел Ојарзабал од пенал, а триумфот го потврди Педро Поро со гол во 58-та минута. По поразот, Франција ќе игра натпревар за третото место против Англија во сабота во 23:00 часот во Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. 

Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено.

Централно место во комплексот зазема модерниот Калистеник парк, кој се простира на површина од 380 квадратни метри. Истиот е целосно осветлен со рефлектори, со што се овозможува непречено користење и во вечерните часови. Оваа нова спортска зона е наменета за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремена е со разновидни справи, вклучувајќи вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои овозможуваат изведување комплексни вежби за развој на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста.

Како дополнување на понудата, во склоп на комплексот е изграден и професионален терен за одбојка на песок. Теренот располага со мрежа поставена на универзална висина и е осветлен со рефлектори, исполнувајќи ги стандардите за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација. Со успешната реализација на овој проект, се потврдуваат заложбите за континуирано вложување во спортската инфраструктура и за создавање современи услови за активен живот на сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Влада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството.

Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер